ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Нурни во мене“ – самостојната изложба на Сашо Блажес

August 1, 2025 10:24
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Куќата на Робевци во Охрид вечерва ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“.

-После  самостојните излагања  во Париз и Венеција минатата година како и во и Австрија и Италија минатите години, оваа година се претставува со една исклучителна изложба која што дел беше претставена во Музеј на град Скопје, а на 1 август ќе биде поставена во Куќата на Робевци во Охрид, информираат од Завод и Музеј – Охрид.

Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Националната Галерија од Скопје, додека критички осврт и текст за изложбата имаат напишано Камило Ракана, куратор од Париз и Маја Чанкуловска-Михајловска.

-Проектот на македонскиот уметник Сашо Блажес насловен „Нурни во мене“, уште во самиот наслов посочува на длабоко личен, но, во исто време, и философски процес на осознавање на нештата кои се наоѓаат во „длабочините“. Свесноста за истражување на слоевитоститезад појавноста или она што се наоѓа под / позади првичната појавност, се должи на љубопитноста и фасцинацијата на авторот од мистериозното, без оглед дали станува збор за неистраженоста на она што не опкружува – природа или универзум, или она што се наоѓа длабоко во човекот. Феноменот човек или себство, веројатно содржи немерливи димензии како универзумот, а податоците за овие простори (универзумот и човековиот мозок) говорат за минимална процентуалност на нивната истраженост.Следствено, сликите од циклусот „Нурни во мене“секоја за себе и сите заедно може да се толкуваат и како метафора за одреден вид мултиверзум, односнохипотетичкизбирнауниверзуми, бидејќи говори за „сèштопостои: целинатанапросторот, времето, материјата, енергијата, информациите и физичкитезакони и константитекоигиопишуваат“ или пак „напоредниуниверзуми“, термини кои се присутнидури од грчката филозофија, посочува Чанкуловска-Михајловска.

Сашо Блажес е роден во 1980 година во Охрид, каде живее и работи. Дипломирал во 2006-та година на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, Романија, како еден од најдобрите студенти во својата генерација. За време на магистерските студии (2006-2008) бил вклучен од  катедрата за графика во изготвувањето на неколку универзитески трудови од областа на графиката и графичките техники на Универзитетот. Зад себе има реализирано шестнаесет самостојни изложби во Македонија и во странство, а има учествувано на бројни групни изложби во  Австрија, Германија, Романија, Шведска, Јапонија, САД, Канада, Италија, Бугарија. Негови дела се наоѓаат во приватни колекции во Норвешка, Франција, Германија ,Романија и Австрија.

Next Post

Ватикан потпиша договор со Италија за сопствена соларна фарма, се надева дека ќе стане првата јаглеродно неутрална земја во светот

Најново

Маск на суд против OpenAI: Бара 130 милијарди долари отштета и предупредува на „Терминатор сценарио

April 30, 2026

Трагедија во Египет: Германски турист почина откако го касна змија за време на шоу во хотел

April 30, 2026

Петровска до Тошковски: Дали акцијата за поткуп од 50.000 евра е прекината за да се спаси министерот за земјоделство?

April 30, 2026
Фото: Влада

Мицкоски до Беџети: Никој нема против албанскиот јазик, нема да ви дозволиме евтин етнички популизам

April 30, 2026

Кочоска Димитриевска: Десетина големи европски држави ќе банкротираат, ние добиваме пофалби од ММФ и Светска банка

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk