Поранешниот директор на Формула 1, Берни Еклстоун, го повика Луис Хамилтон, кој потпиша договор со Ферари до крајот на 2026 година, веднаш да се пензионира.
Еклстоун верува дека времето на Хамилтон во Ф1 е завршено.
– Кога ќе стигнете до врвот, патот води само во еден правец, и тоа не е многу пријатен правец. Само надолу е. Тоа им се случува на многу спортисти. Исто е и со Хамилтон. Тој е уморен, го прави ова целиот свој живот. Му треба пауза Формула засекогаш, целосно рестартирање и сосема поинаква работа. Можеби не мисли така, но брзо ќе се навикне на работи освен на трките кога ќе се пензионира. Мислам дека требаше да го направи тоа и порано. Човекот не е измамник. Но, тој ќе се измами себеси ако продолжи да се трка. Треба да разговара со одговорните во Ферари и да се замине, изјави Еклстоун.
Се осврна на тоа кој би можел да го заземе местото на Хамилтон.
– Да можев да го украдам, би го земал Исак Аџар од Рејсинг Булс. Тој се снаоѓа неверојатно добро во првата година и е одличен човек. Исто така, високо го ценам Габриел Бортолето од Заубер. Тој е талентиран. Двајцата возачи би биле разумни избори, смета Еклстоун.
Хамилтон дојде во Ферари со големи амбиции но во досегашниот дел од сезоната тој ги очекувањата на навивачите на италијанскиот тим. Британецот во моментов е на 6.место со 109 бодови, далеку зад водечката двјока од Мекларен, Оскар Пјастри со 284 и Ландо Норис со 275 бода.