ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лукровски: Планираме проект со кој би го разиграле кејот на Вардар, со локали и спортски терени за рекреација на младите

August 7, 2025 15:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во утринската емисија „Здраво Македонијо“, на Канал 5 телевизија, гостуваше кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, кој ја претстави својата визија за општината, решавање на сите затекнати проблеми, како што се хигиената, паркингот и посочи дека се надева на препознавање од страна на граѓаните на човек кој е од доверба и нуди транспарентно работење и отворена комуникација со граѓаните, информира во соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

„Деновиве сме во постојана комуникација со граѓаните, направивме анализи во претстојниот период, нудиме пред се разговор, нудиме транспарентност, нудиме решенија, доаѓам од реален сектор имам големо искуство од реалниот сектор, имам голем круг на пријатели познавања од доста сфери, се надевам дека ќе препознаат граѓаните човек кому ќе ја дадат довербата за општината, а она што е на моја девиза е работата“, рече Лукровски.

Кандидатот за градоначалник Лукровски, истакна дека паркингот, сметот и бучавата се проблеми во општина Карпош кои ќе се решаваат, со тоа што ќе се направи ревизија на се она што е затекнато.

„Од она  што ни се покажа од анкетите во топ пет шест проблеми , без разлика на која урбана заедница се работи во Карпош, во принцип е паркингот и сметот, запуштеноста, бучавата е проблем во овие неколку трговски центри, плочникот во Порта Влае, Млечен ресторан Лептокарија  се појавуваат како проблеми, ќе направиме една ревизија на се она што е во моментов затекнато“, вели Лукровски.

Лукровски го истакна својот  стремеж за проект за кејот Вардар и наведе дека поради атрактивноста нуди можности за спортски терени и локали каде што ќе можат младите да го поминуваат времето, да се забавуваат и рекреираат.

„Се стремиме, размислуваме за проект со кој би го разиграле кејот на Вардар, сметам дека е место погодно во оној наш дел од кејот на општината која води се до Центар е многу атрактивен нуди големи можности, јас се надевам дека кејот е во ингиренции на градот и сметам дека на овие избори ќе дојдеме во колерација на нашата општинска, градската и централната власт. Ние со господинот Орце Ѓорѓиевски имавме пар заеднички средби бевме во Порта Влае во Карпош 1 заедно разговаравме, еден од приоритетите ни е кејот, кејот е штета да е онаков каков што е. Онаа идеја за спортски терени и по некој локал каде што ќе може  на што дозволуваат во рамки на законот до подоцните часови, младите да се забавуваат таму, место во локалите меѓу згради“, рече Лукровски.

Tags: Лукровскирекреацијаспортски терени
Next Post

Министерство за енергетика: Објавен оглас за распределба на инвертер клими за ранливите семејства

НАЈНОВО

Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Хиларија Болдвин откри: Со Алек одиме на брачно советување поради големата разлика во години

November 14, 2025

Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот; Ѓорѓиевски – завршува периодот на застој и започнува нова фаза на стабилизација и развој

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk