Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот завршен концерт на семинарот по виолина предводен од нашиот уметник Емилио Перцан.
Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.