ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На 31 август истекува рокот за аплицирање за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија

August 14, 2025 13:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ги потсетува сите граѓани кои ги исполнуваат условите дека рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија истекува на 31 август 2025 година. Со оваа програма се обезбедува финансиска поддршка од 1.000 денари месечно, во траење од 12 месеци, преку директно намалување на сметките за електрична енергија.

-Право на аплицирање имаат домаќинства: со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, домаќинства со најтешка телесна попреченост, домаќинства со потполно слепо лице и домаќинства со потполно глуво лице. Едно лице може да поднесе само едно барање за едно домаќинство, посочуваат од Министерството.

Потребна документација: Пополнето барање (Обрасци 1, 2, 3 и 4 – според категоријата – домаќинство со едно или повеќе лица со попреченост со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице); Изјава за веродостојност на податоците, заверена на нотар; Фотокопија од решение за стекнато право на корисник на посебен додаток; Фотокопија од последна сметка за електрична енергија за 2024 година; Фотокопија од лична карта на барателот; Фотокопија од лична карта за полнолетни лица, извод од матична книга на родени за малолетни лица, извод од венчани, потврда за развод или посмртница за член/членови од домаќинството) .

-Изјавата за веродостојност и обрасците се достапни на веб-страницата на Министерството, во делот „Јавни огласи“ (www.energy.gov.mk). Документацијата може да се достави лично во Министерството за енергетика, на адреса: ул. „Македонија“ бр. 27 – 1000 Скопје, или по пошта, за граѓаните од внатрешноста, прецизираат од Министерството.

Повеќе информации, додаваат, може да се најдат на  www.energy.gov.mk или на телефоните за контакт 071 319 074 и 070 381 162 секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот или, пак на електронската пошта : ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk.

Next Post

Мицкоски изјави дека сме држава во Европа која има една од најниските цени за електрична енергија

НАЈНОВО

Продолжува потрагата по исчезнатите мигранти по двоен бродолом кај Лампедуза

August 14, 2025
Фото: Ви

Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

August 14, 2025
Париз. Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Андреј Жерновски. Фото: ФБ

    Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Билјана Ивановска независна кандидатка за градоначалничка на Центар поддржана од Платформата „Независни заедно“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ најави дека не може да се кандидира на следните избори и „не му паѓа на памет“ да го менува Уставот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зеленски по состанокот во Берлин: Мојот став за присуството на украинските војници во Донбас останува непроменет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И сè ова е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk