Шведскиот дипломат, Карл Билд, пред одржувањето на Самитот помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот диктатор Владимир Путин во Анкориџ, Алјаска, излезе со коментар на својот налог на Х, очигледно инспириран од ставот на Трамп за отстапување на украински територии на Русија.
Ако Трамп сака да ја врати Алјаска или делови од неа на Русија, претпоставувам дека може да го стори тоа. Но, тој нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација. Никакво, напиша Билд.
Д. Мишев / Цивил Медиа