Италијанскиот тенисер Матео Беретини нема да настапи годинашниов турнир УС Опен. Тој се реши да се повлече од турнирот поради повреда. Последниот настап Беретини го имаше на Вимблдон, кога во првото коло беше елиминиран од Камил Мајхшак.
Италијанецот подлог период има проблеми со повредите и нема континуитет на настапи на турнирите.
Беретини најдобрите резултати ги имаше во периодот од 2021 и 2022 година кога играше и во финалето на Вимблдон, а најдобриот пласман му беше на шестото место на АТП листата. Во моментов е на 59.то место. Во кариерата има освоено 10 титули, а три во 2024 година.