ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Лилјаците, „најнеправедно“ третираните животни на Земјата; човекот не смее да ги изгуби во природата

August 18, 2025 16:02
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Лилјаците имаат „лош углед“ во западниот свет, па и во нашето поднебје… Застрашувачкиот изглед, митовите, народните преданија, популарната култура, но и негативното медиумско известување довеле до тоа – овие летачки цицачи да бидат поврзувани со вампири, со злото или да бидат „главни обвинети“ за епидемиите ширум светот… Сепак, реалноста е дека бројот на лилјаци во светото се намалува, а целиот екосистем ќе страда ако тие целосно исчезнат.

Инаку, во цел свет има повеќе од 1.400 видови лилјаци – една петтина од познатите видови цицачи во светот. Тие ја користат својата високо развиена ехолокација за да се движат и да ловат плен ноќе, а некои можат да намирисаат работи мали – како прамен коса. Меѓу најзначајните улоги на лилјакот во екосистемот е јадењето штетници. Така, на пр., 30 милиони лилјаци по должината на северната граница на Мексико истребуваат 300 тони инсекти секоја вечер. Покрај тоа, лилјаците што јадат овошје, летајќи на долги растојанија по храна, имаат клучна улога во разнесувањето на семето. Родриго Меделин, виш професор по Eкологија на Универзитетот на Мексико (во Сиудад де Мексико), си зел задача да го промени начинот на којшто луѓето ги гледаат овие животни, преку едукација, истражување и застапување. Фасцинацијата со лилјаците кај него трае уште од негови 13 години, кога првпат држел лилјак в рака.

– Тогаш решив да го посветам мојот живот на проучување и заштита на лилјаците… Пештерите се среќно место. Мирно, темно, тивко и по некој пискот на лилјак. Тука се чувствувам опуштено и сè што правам е да се обидам да го пренесам тоа чувство на луѓето околу мене, вели проф. Меделин за „Си-ен-ен“.

Тој е наградуван за својата работа и е основач на латиноамериканската мрежа за зачувување на лилјаците, наречена „Глобална јужна база“ каде што членуваат и други научници.

Одредени видови можат да живеат повеќе од 30 години. Но, сите лилјаци се размножуваат бавно – обично со по едно младенче годишно. Следствено, бројот тешко се опоравува по опаѓањето.

– Тие се многу мистериозни. Многу луѓе се плашат од нив, ги напаѓаат, или ги презираат. Тие се веројатно најнеправедно третираните животни на Земјата, вели Меделин.

Лилјаците честопати се споредуваат со злото и темнината, особено во Европа – главно поради преданијата со вампирите и натприродното во фолклорот. Тие народни приказни раскажуваат и за ѓаволот, зли духови и вештерки. Во источната култура има поинакви гледишта. Во кинеската традиција, на пр., лилјаците се сметаат за симбол на среќа и успех.

Погледите на лилјаците се влошија за време на корона-пандемијата, кога се појави верувањето дека овој вирус потекна токму од лилјаците.

– Сигурно нема повеќе болести кај лилјаците отколку кај Вашите кучиња или мачки. Тоа е ужасно преувеличено… А пак, обновувањето на шумите во голема мера зависи од лилјаците, истакна Меделин.

Тој вели дека со разнесувањето семки подалеку од дрвјата-домови, лилјацте помагаат во обновувањето на шумите, одржувањето на разновидноста на растенијата и поддршката на животниот циклус во однос на другите организми.

– Натаму, тие се клучни опрашувачи за голем број растенија, вклучувајќи ја и агавата – растение што се користи за производство на текила. Замислете што би се случило ако ги изгубиме лилјаците преку ноќ. Гладните инсекти би ги уништиле посевите, а и бројот на комарци би бил огромен, драстично менувајќи го нашиот начин на живот, предупреди Меделин.

Според своето искуство, секој кој имал каков било допир со лилјаци – го одржува тој контакт и го шири пријателството.

И покрај сите нивни позитивни придонеси, лилјаците се соочуваат со многу предизвици – повеќето предизвикани од човековото делување. Овде спаѓа уништување на живеалиштата, прекумерно користење ветерници, употреба на пестициди и, во последно време – тн. синдром на бел нос (габична болест). Ова се некои од причините зошто лилјаците се загрозен вид.

Tags: Лилјаци
Next Post
Фото: Илустрација, генертирано со ВИ

Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk