По потпишувањето на договор со американската продуцентска куќа „Nvak Collective“, македонскиот кантавтор Јон Ајди прави промоција на новиот сингл „Don’t Break It“ и видео спот за истиот.
Настанот ќе се одржи на 21 август во „Beer Garden“ Дебар Маало во Скопје со почеток во 20 часот.
Јон ќе ја промовира песната и спотот и ќе настапи со својот бенд со изведба на песните од последниот албум, „Ghosts“.