Познатиот шпански актер и добитник на Оскар, Хавиер Бардем, ја осуди израелската армија за, како што рече, прифаќање на нацистичката „логика на терор и дехуманизација“ кон Палестинците.
Бардем сподели видео на Инстаграм кое прикажува израелски снајперист како пука во Палестинец „за забава“, велејќи дека „ИДФ (Израелските одбранбени сили) се НАЦИСТИ“.
Во описот на видеото, тој го спореди чинот со сцени од филмот „Шиндлеровата листа“, повикувајќи се на ликот на нацистичкиот офицер Амон Гот. Бардем истакна дека Гот „ја отелотвори баналноста на злото и неказнивоста на суровоста во рамките на еден угнетувачки воен апарат“.
„Денес, истата таа логика на терор и дехуманизација е она што ИДФ го применува против палестинскиот народ“, додаде тој.
View this post on Instagram
Видеото првично се појави на интернет во 2018 година и се верува дека е поврзано со инцидент од декември 2017 година, кога израелски снајперист застрела и повреди маж во ногата.
Бардем е познат по своите критики кон израелските напади врз Газа. Претходно ја осуди израелската влада за „злосторства против човештвото“ во Појасот Газа и ја повика меѓународната заедница да ги повика одговорните на одговорност.
Заедничка истрага на „The Guardian“, израелско-палестинското списание „+972 Magazine“ и израелскиот портал „Local Call“ откри дека пет од шест Палестинци убиени од израелските сили во Појасот Газа се цивили, според сопствените податоци на израелската армија.
Од октомври 2023 година, Израел уби повеќе од 62.100 Палестинци во Газа. Воената кампања го опустоши енклавата и доведе до недостиг на храна и смрт од глад.
Ј. Ѓ.