Во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид вечерва во 21:15 часот ќе биде прикажан документарецот „Време, вода, наследство: Охрид“ по сценарио и режија на Илија Пиперкоски.
Филмот е динамичен документарец за 70 години Охридски пливачки маратон, спорт што ја мери човечката издржливост, волја и амбиција. Филмот преку ретки архивски материјали и нови интервјуа со легендите Дики Бојаџи, Теодора Раптис, Томи Стефановски, Евгениј Поп Ацев, и 11-кратниот победник Петар Стојчев, ја реконструира еволуцијата на маратонот: од пионерските години и подвигот на Атина Бојаџи на Ла Манш, до славните деведесетти и денешните предизвици, информираат од продукцијата..
Сценариото и режијата се на Илија Пиперкоски, монтажата на Никола Ристов, а сниматели се: Данчо Стефков, Фејми Даут, Зоран Ставрев, Димко Саздов и Виктор Крстаноски. Продуцент е Данчо Стефков, а за дизајнот на звук се погрижи Дарко Спасовски. Учесници во филмот: Кочо Паскали, Ристе Савин, Зорица Нестор, Горан Стојановски, Дики Бојаџи, Томи Стефановски, Теодора Раптис, Евгениј Поп Ацев и Петар Стојчев.





