Чешката тенисерка Маркета Вондрушова се откажа од Отвореното првенство на САД поради повреда, објави прес-службата на турнирот.
Таа требаше да се соочи со првата светска тенисерка Белорусина Арина Сабаленка во четвртфиналето на Грен слемот во Њујорк.
Вондрушова се извини за откажувањето од четвртфиналето.
-Се потрудив најдобро што можев да излезам на теренот, но за време на загревањето повторно почувствував болка во коленото и по консултација со докторот на турнирот решив да не ризикувам и да не ја влошувам повредата. Благодарна сум на сите за поддршката на овој турнир и им се извинувам на навивачите кои со нетрпение го очекуваа натпреварот, изјави Вондрушова за „ЕСПН“.
Во полуфиналето 27-годишната Сабаленка ќе игра против Американката Џесика Пегула.