ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пренџов бара комисиска расправа за АНБ, а Реџепи не свикува седница бидеќи бил дискриминиран оти нема одговор за безбедносен сертификат

September 3, 2025 14:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Членот на собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР пратеникот Љупчо Пренџов денеска јавно го повика претседателот на Комисијата Скендер Реџепи од европскиот фронт да закаже итна седница во врска со актуелните сомнежите за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година.

-Целта е на седницата да се разгледаат загрижувачките сомнежи за незаконско постапување во АНБ, односно, да утврдиме точен датум за официјална посета во Агенцијата за национална безбедност преку која ќе извршиме директен увид во состојбите и темелно испитување на сите околности поврзани со овие настани, истакна Пренџов.

Овие случувања, според пратеникот, предизвикаа силна вознемиреност во јавноста и, како што рече, ја поткопуваат демократијата и довербата во институциите задолжени за заштита на националната безбедност.

-Токму затоа, обврска на комисијата е да делува одговорно и транспарентно, со цел, да се обезбеди отчетност на институциите и заштита на нивниот интегритет и демократијата во државата, појасни Пренџов.

Претседателот на Комисијата Скендер Реџепи веднаш одговори на повикот дека додека е претседател и дискриминиран нема да повика таков состанок. Според него тој е дискриминиран дека нема да може да присуствува на класифицираните инфомации бидејќи нема одговор на барањето за безбедносен сертификат кое го побарал во ноември или декември минатата година.

– Се додека сум јас председател и дискриминиран од власта, од службите, нема да повикам таков состанок. Бидејќи и моето присуство, кога би повикал состанок, јас не би можела да присуствувам во класифицирани информации таму кај што се оди. Која би била логиката, председателот на Комисијата да не може да присуствува во една таква Комисија или таков претрес во службите. Јас пред една година сум поднел барање за сертификат безбедностен и нормално, кога таква една можност, пратеник во Собранијето останува да биде вреднуван од партиски службеници, на кои што скандалите секоја година им се појавуваат што значи дека ти се во интерес на сите политички партии, најмалку на државните. Сметам дека тоа е дискриминација не само за мене, но и за сите пратеници во Собранијето, истакна Реџепи.

Тој уште еднаш потенцираше дека нема да ја свика комисијата и им порача дека претседателот на Собранието има можност да свика Комисија да си одлучи оние кои имаат сертификати да одат и да ја завршат работата.

-Ако тие инсистират, јас да го направам тоа, тогаш тие сакаат да не се заврши посетата, нагласи Реџепи.

Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник на СДСМ Оливер Спасовски денеска повика на итна декласификација на целата документација за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ.

– Едноставно мислам дека јавноста мора да ја дознае целостно вистина. Мора да има една транспарентност за целата оваа постапка. Да бидат декласифицирани сите податоци и информации, врз основна на постапките кои што ги има АНБ. Секако во соработка и со Обенителство и други и точно да се утврди дали биле отворени оперативни акции, за што биле тие оперативни акцији, кон кого биле насочени и така натаму. Мора да има еднаш за секогаш сериозна одговорност на тој кој што тоа го правел доколку го правел, порача Спасовски.

Според информациите дека и тој бил незаконски прислушуван од АНБ, Спасовски повика  службата да се стави во интересна заштита на уставниот поредок на државата и на граѓаните, а не, како што рече, во служба на политички подметнувања или на бизнис заедница и да се престане да се загрозуваат човековите права.

Спасовски смета дека Комисијата за надзор на АНБ и АР треба да изврши увид во работата на Агенцијата за национална безбедност.

Next Post
Фото: Фејсбук Мицкоски

Општина Аеродром ги налути жителите: Паркингот се чисти кампањски, само за премиерот и министрите

НАЈНОВО

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

Kалас: Автократскиот сојуз бара скратен пат до нов светски поредок

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk