ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Општина Аеродром ги налути жителите: Паркингот се чисти кампањски, само за премиерот и министрите

September 3, 2025 14:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Фото: Фејсбук Мицкоски

Фото: Фејсбук Мицкоски

Share on FacebookShare on Twitter

Денеска блесна огромниот паркинг во реонски центар Аеродром од ПСС до „Жито маркетот“. Немаше ѓубре, отстранети беа сите хаварисани возила кои со години се „печеа“ на сонцето. Паркингот свежо измиен за да ги дочека високите гости кои присуствуваа на поставувањето камен-темелник на маркетот „Лидл“, пишува Независен.

Ништо немаше да биде чудно, ниту ќе пишувавме за паркингов, покрај толку значајна вест – никнување на уште еден маркет, ако сето ова не беше направено само затоа што таму дојде премиерот Христијан Мицкоски, потоа министерот за транспорт и врски Александар Николоски, в.д. градоначалникот и кандидат за градончалник од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески и уште неколку „видни“ луѓе.

Аеродромци се најдоа навредени од ваквата ажурност на општината, па на социјалните медиуми споделија фотографија.

„Денес поради присуството на премиерот Христијан Мицкоски на свеченото отворање на новиот „Лидл“ во Ново Лисиче, Општина Аеродром за да го прикрие срамот кој ние го живееме со години за еден час дојдоа и ги собраа сите хаварисани возила и го изметија целиот паркинг и околината околу градежната парцела.

Ние како граѓани 4 години бараме дислокација на хаварисаните возила, бараме да се собере сметот во овој дел од паркиралиштата, бараме да се реши состојбата со дивите продавачи и Општина Аеродром на сето тоа немаше никаква волја за решение.

Со ова денес Општина Аеродром покажа дека го гази достоинството на граѓанинот од кој црпи средства и функционира, и очигледно приоритет и се поединци и бизнис интереси, а не за граѓаните од кои добива легитимитет“, пишува во Фејсбук групата „Ново Лисиче“.

Во последниот период ова не се случува првпат. Имено, на крајот на јуни, кога министерот за култура Зоран Љутков присуствуваше на презентацијата на мултимедијалниот центар во Ново Лисиче, од спротивната страна на денешниов настан, исто така, беше исчистен паркингот и приодните патеки, кои вообичаено се полни со ѓубре. Иако, мора да се нагласи дека министерот го донесоа со автомобил до скалите, за да не мора да ги исчистат контејнерите, кои редовно се преполни и од кои секогаш нешто истекува, токму на патеката која води преку паркингот.

Жителите на Ново Лисиче постојано апелираат за неодржувањето на околината, но освен кампањски акции за чистење, општината досега не ги слушнала нивните повици за редовно да работи на одржување на паркинзите, зеленилото и чистотата.

Next Post

„Лидл“ започнува со изградба на втор објект во Скопје

Shortcut

Најново

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

Хуманитарен концерт во Велес „Заедно за подобро утре“

August 21, 2026

ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

August 21, 2026
Министерот за здравство, Сашо Клековски, прес, 21 август 2026 (скриншот од видео на министерството за здравство)

Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk