ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Хуманитарна помош од 1.200 тони од Кипар пристигна во Газа

September 5, 2025 10:22
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Хуманитарната помош од 1.200 тони, што пред нешто помалку од 20 дена тргна по морски пат, со брод, од кипарското пристаниште во Лимасол, пристигна во Газа, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за надворешни работи на Кипар преку Икс информираа дека хуманитарната помош пристигна во координација со КОГАТ, односно израелската служба при Министерството за одбрана, надлежна за цивилната координација во палестинските територии, а меѓународната хуманитарна организација Светска централна кујна (World Central Kitchen-WCK) е задолжена за готвење и дистрибуција на топли оброци.

Од WCK, исто така преку Икс информираа дека помошта што вклучува брашно, тестенини и бебешка формула, ќе им помогне на нивните тимови да работат кон нивната цел за еден милион оброци дневно во Газа.

Хуманитарната помош од 1.200 тони беше испратена во Газа во рамките на кипарската иницијатива „Амалтиа“ – поморски коридор предводен од Република Кипар, поддржан од меѓународни партнери за справување со хуманитарната криза во Газа.

– Помошта, што вклучува прехранбени производи, особено за исхрана на деца, потекнува од Кипар (700 тони) преку организацијата „CyprusAid“ на Министерството за надворешни работи, додека 500 тони се донација од Владата на Малта, како и од меѓународни хуманитарни организации со седиште во САД, Италија, Малта и Кувајт. Во целокупниот напор, клучна е поддршката на Владата на Обединетите Арапски Емирати, соопштија од кипарското МНР на 19 август кога бродот со хуманитарна помош отплови од Лимасол кон Газа.

Кипарската иницијатива „Амалтиа“ за поморски хуманитарен коридор за Газа беше воведена на средината на март минатата година со испраќање бродови со помош од Кипар за Газа.

Tags: Газахуманитарна помош
Next Post
Фотографија од последиците од нападот со украински дрон врз рафинерија за нафта во руската област Рјазан на 5 септември 2025 година. Фото: RusNews/Telegram

Украинските дронови ја нападнаа најголемата руска рафинерија „Роснефт“ во Рјазан и нафтено складиште во окупираниот Луганск

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk