ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Израел бомбардира високи кули во Газа, Кац најави „отворање на портите на пеколот“

September 6, 2025 11:32
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Израелските сили уништија висока кула во густо населен дел од градот Газа и предупредија на понатамошни напади врз повеќекатните згради, додека ја интензивираат својата кампања за преземање на контролата врз главниот град,објави Ал Џазира.

Во петокот, израелската војска им нареди на луѓето во кулата Муштаха, 12-катна зграда лоцирана на западната страна од градот Газа и опкружена со стотици импровизирани шатори, да се евакуираат, а подоцна ја нападнаа зградата, тврдејќи дека станува збор за „инфраструктура на Хамас“ и дека се користела за планирање и спроведување операции против израелските сили.

Известувајќи од Деир ел-Балах во централна Газа, Хинд Кудари од Ал Џезира рече дека зградата е една од најголемите висококатници во срцето на градот Газа.

„Израелските сили ја погодија со два воздушни напади – првиот беше предупредувачки, а потоа беше повторно погодена со уште еден напад со Ф-16“, рече таа.

Управата на кулата Муштаха ги негираше израелските тврдења дека висококатницата ја користат борците на Хамас, според Ал Џезира Арапски. Управата на зградата рече дека локацијата е достапна само за раселени лица.

Тарек Абу Азум од Ал Џезира, исто така известувајќи од Деир ел-Балах, рече дека голем број цивили биле ранети во израелскиот напад врз 12-катната кула и биле префрлени во болницата Ал-Шифа за да добијат итна медицинска помош.

„Шок-бранот од нападот се проширил низ целата област, предизвикувајќи хаос. Голем број импровизирани шатори биле погодени од нападот, што сигнализира нова фаза од израелската воена кампања“, рече тој.

Пред нападот врз кулата, израелскиот министер за одбрана Израел Кац на  „X“  напиша дека воената активноста на Израел во Газа се интензивира. Тој рече дека „портите на пеколот се отвораат сега“ во Газа и предупреди дека тие нема да бидат затворени сè додека Хамас „не ги прифати условите на Израел за завршување на војната – предводени од ослободување на сите заложници и разоружување“.

Д. Т. / Цивил Медиа

Tags: бомбардираГазаизраел
Next Post

Нов силен земјотрес го погоди Авганистан по катастрофалниот потрес од минатата недела

Shortcut

Најново

Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk