ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Европскиот парламент усвои Резолуција за Газа, повикува на прекин на огнот, осуда на Хамас и санкции за Израел

September 11, 2025 17:05
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот парламент денеска со 305 гласа „за“, 151 „против“ и 122 „воздржани“ усвои Резолуција со која се изразува „сериозна загриженост“ поради „катастрофалната“ хуманитарна криза во Газа и повикува на преземање итна акција од страна на ЕУ.

Сепак, во конечната верзија на необрзувачката Резолуција, при дефинирањето на состојбата во Газа не се споменува терминот „геноцид“, на што претходно инсистираа партиите на левицата, но се повикуваат земјите членки на ЕУ да размислат за признавање на Палестина.

Во документот се осудува „опструкцијата“ на доставувањето хуманитарна помош од страна на израелската Влада „со што е предизвикан глад во Северна Газа“ и се повикува на отворање на сите релевантни гранични премини.

Европратениците изразуваат вознемиреност од сериозниот недостиг на храна и неухранетоста што произлегуваат од ограничената хуманитарна помош и ја нагласуваат итната потреба за целосен, безбеден и непречен пристап на цивилите до основни производи, како што се храна, вода, медицински материјали и засолништа.

Во Резолуцијата се повикува и на враќање на целосниот мандат и финансирање на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) и се изразува незадоволство од сегашниот систем за дистрибуција на помошта.

Европратениците со документот бараат итен и траен прекин на огнот и итно и безусловно да бидат ослободени сите израелски заложници и ја повикуваат ЕУ да употреби „дипломатска моќ врз трети земји“ за да се изврши притисок врз Хамас за нивното ослободување.

Парламентот најостро ги осудува „варварските злосторства“ извршени од Хамас против Израел и повикува на конкретни санкции против терористичката група.

Во документот се повторува посветеноста на безбедноста на Израел и неговото „неотуѓиво право на самоодбрана“ во целосна согласност со меѓународното право, при што се нагласува дека еврејската држава останува клучен партнер на ЕУ во борбата против регионалниот тероризам.

Сепак, европратениците нагласуваат дека правото на Израел да се брани не може да оправда неселективна воена акција во Газа и изразуваат загриженост за континуираните воени операции во Појасот Газа, кои „доведоа до неподносливо страдање за цивилното население“.

Со Резолуцијата се поддржува најавата на претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен за прекин на билатералната поддршка на ЕУ за Израел и делумно суспендирање на Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел во делот на трговијата.

Пратениците во Европарламентот повикуваат на спроведување целосни истраги за сите воени злосторства и кршења на меѓународното право и бараат сите вклучени во таквите активности да бидат повикани на одговорност.

Парламентот, исто така, ги поддржува санкциите на ЕУ против насилните израелски доселеници и активисти во „окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим“ и повикува на воведување санкции против израелските министри Безалел Смотрих и Итамар Бен-Гвир.

Со Резолуцијата се повикуваат сите институции на ЕУ и земјите членки да преземат дипломатски чекори „за да обезбедат посветеност на решението за две држави“, како и да „размислат за признавање на државата Палестина“. Според Парламентот, формирањето палестинска држава е клучно за мирот, безбедноста на Израел и нормализација на состојбата во регионот.

Во документот се нагласува потребата од целосна демилитаризација на Газа и нејзино враќање под власт на реформираната палестинска управа и се бара на Хамас и на другите терористички групи треба да им се одземе целата политичка и воена контрола врз Појасот.

Европратениците воедно „ги охрабруваат“ земјите од ЕУ да ги спроведуваат налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд. Меѓу оние за кои Трибуналот има издадено налози за апсење се и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана на Израел, Јоав Галант.

Tags: ГазаЕвропскиот парламент
Next Post

ФОБИЈА ИЛИ НАРАТИВ: Зошто некои македонски медиуми не кажуваат дека соборените дронови во Полска се руски

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk