ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Томислав Османли и Никола Маџиров ја претставуват македонската литература во грчката антологија „Балкан“

September 15, 2025 08:25
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Од 26-28 септември, во Грција ќе се одржи културна и книжевно теоретска средба, Првиот Конгрес на интелектуалци, насловена „Меѓу-балкански литературни среќањава“ со поднаслов „Разбирајќи го Балканот низ литературата“, настан во чиј пресрет е објавена и  антологијата „ Б а л к а н – современа книжевна антологија“ (издание на „Маѝстрос“, Атина, 09.2025).  Антологијата, која има 456 страници е составена од Еви Вулгараки-Писина, Ангелос Калогеропулос и Димитрис Склирис. Станува збор за уште една, за недолго време објавена јазично комплетна книжевна антологија што опфаќа преводи на грчки, од сите балкански јазици. Таа опфаќа 57 автори и 12 преведувачи што приопшиле литературни дела од Грција, Србија, Романија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Бугарија, Турција, Кипар, Словенија, Црна Гора, Албанија и Хрватска. На официјалната најава по азбучен ред и според националните писма на земјите, поброени се главните градови на дванаесетте балкански држави.

Новата книжевна антологија „Балкан – современа книжевна антологија“ вклучи преводи од  македонски јазик на творби од двајца наши истакнати автори: Томислав Османли, прозаист и Никола Маџиров, поет. Преводот на грчки јазик е на Мариа Думба.

Претходно, во соседна Грција беше објавена исто така јазично компетната „Антологија на балканското расказно творештво“ во која  покрај Томислав Османли, составувачот Д-р Ставрос Дајос, своевремено опфати творби уште седум прозни автори од нашата литература. Таа антологија објавена од солунското книгоиздателство „Литератус“ на 428 страници и опфати 71 расказ на плејада балкански прозни дејци од последните два века.

Инаку, тридневната научно-теоретска средба „Меѓу-балкански литературни среќањава – Разбирајќи го Балканот низ литературата“ ја организира асоцијацијата „Меморија и авангарда – отворање нови патишта“, а ќе се одржи во Конгресниот центар Елкиона, во Алиартос тесалиска Биотија.

Средбата како и објавата на Антологијата ја поддржува Грчкото министерство за култура.

 

Next Post

СДСМ: Доста беа приказни, за еколошката катастрофа во Скопје мора да има политичка и кривична одговорност

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

„6-7” прогласено за „Збор на годината“ – иако не е ниту збор

November 2, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Кралот Чарлс го протерува Ендру од Виндзор

November 2, 2025

До 11 часот гласале 10, 1 проценти од гласачите на вториот круг од локалните избори

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk