ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ФЕС: Првиот регионален феминистички фестивал ќе се одржи во Скопје

September 15, 2025 13:08
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Канцеларија Скопје најавува дека за првпат во Скопје ќе се одржи регионалниот феминистички фестивал „Еден свет, една борба“, од 19 до 21 октомври 2025 година. Овој фестивал претставува уникатна платформа за уметничко и општествено изразување, преку која регионални и европски уметници ќе говорат за најзначајните теми на нашето време, а тоа се родова еднаквост, феминизам, солидарност и социјална правда.

Во текот на сите три дена, публиката ќе има можност да проследи театарски претстави, музички настапи, изложби и уметнички инсталации кои ја отвораат дискусијата за родот, слободата на изразување и правото на различност.

Фестивалот ќе започне на 19 октомври, во 19:00 часот во Македонскиот народен театар со свечено отворање и театарска претстава „Девојчиња“ од Србија, во режија на Милена Богавац.

На 20 октомври, во 19:30 часот, во Музејот на современа уметност ќе биде изведена театарската претстава „Мојот таканаречен живот во Копенхаген“ од Босна и Херцеговина и Хрватска. Во 20:15 часот следува претставата „Злогласниот круг“ од Косово, како и перформансот „Погледи“ од Словенија, во 20:30 часот. Публиката ќе има можност да ја посети и изложбата „Гласови низ пламенот“ од Украина, инспирирана од новинарски сведоштва, и „Луѓето кои ме обликуваа: Кој ме направи феминистка?“ од Босна и Херцеговина. Вечерта ќе заврши со DJ сет.

Последниот ден, 21 октомври, со почеток во 12:00 часот, Градскиот парк ќе стане сцена на повеќе настапи и перформанси: DJ сет на Вики Качакова од Северна Македонија, партиципативната инсталација „Разврти го системот“ од Босна и Херцеговина, кратка изведба на претставата „Девојчиња“ од Србија, како и аудиовизуелниот перформанс „Реките не се враќаат наназад – флуидност и род“ од Швајцарија и Иран. На програмата ќе се најдат и музички настапи: „ДРАГА (Под нашата липа)“ од Србија со пејачката Бојана Вунтуришевиќ и хорот на „Рефлектор театар“, како и настапи на средношколски бендови од Северна Македонија.

На овој начин, фестивалот обединува уметници од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Словенија, Албанија, Украина, Швајцарија и Иран, претворајќи го Скопје во центар на регионален културен дијалог и соработка.

Од ФЕС истакнуваат дека феминизмот е движечката сила за изградба на поправедно и еднакво општество. Феминизмот е борба, но и визија за свет без дискриминација, насилство и нееднаквости. Преку театар, музика, перформанси и изложби, првиот регионален феминистички фестивал ја става пораката во центарот дека без еднаквост нема ниту демократска, ниту просперитетна иднина.

Tags: Еден светедна борбаФЕС
Next Post

Љутков: Универзална сала ќе ја задржи постоечката форма, но ќе биде модерен симбол на културна размена, креативност и заедништво

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk