На сцената „Ристо Стефановски“ во Драмскиот театар во Скопје, утре во 21 часот ќе се оддржи поетскo-музичкиот перформанс „Волкот на љубовта” со Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски, и со Добрила Грашеска како гостинка.
Перформансот се состои од поетско-музички изведби на некои од најубавите љубовни песни во современата македонска поезија, се вели во соопштението. Тој ќе содржи одбрани стихови од Блаже Конески, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Радован Павловски и други.
Во вториот дел од настапот, изведувачите ќе се претстават и свои авторски песни и композиции. Освен тоа, ќе бидат испеани и отсвирени некои од најубавите љубовни песни од македонските фестивали од 20. век.