ВМРО-ДПМНЕ им удри шамар на скопјани кои со денови се гушат во канцерогени честички од пожарите на Дрисла. После сите токсични чадови и еколошка катастрофа што ја трпат скопјани, ВМРО-ДПМНЕ го наградува човекот кој има одговорност за Дрисла. Замислете, за носител на советничката листа во Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ го постави претседателот на Управниот одбор на Дрисла, Даме Димитровски, изјави на прес-конференција Кети Штерјова, кандидатка за советничка на СДСМ во Скопје.
„Ова е невиден скандал и навреда за скопјани.
Тој што е одговорен и што управува со Дрисла, да биде носител на листа. Иако Димитровски е и актуелниот советник на Мицкоски за животна средина во Владата.
ВМРО-ДПМНЕ арогантно се исмева со скопјани и ги понижува.
Депониите и понатаму горат, воздухот е отровен, а власта на Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски им ја загорчува секојдневието на скопјани.
Еколошката катастрофа во Скопје е дело на ВМРО-ДПМНЕ, а оваа одлука е доказ дека за нив здравјето и животите на граѓаните не вредат ништо.
Граѓаните ќе ја казнат оваа безобразност и ќе покажат дека никој не смее да си поигрува со нивното здравје и нивната иднина.