ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Томовски: Процесот на унифицирање на регистарските таблици на службените возила се одвива непречено

September 21, 2025 12:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Процесот на унифицирање на регистарските таблици на службените возила се одвива непречено, имаме постојана координација и соработка со сите институции. Заклучно со 19 септември, обележани се 671 возило и очекувам до крајниот рок, 29 септември, да бидат брендирани сите возила во согласност со владините препораки“, истакна директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, во своето вчерашно гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител телевизија. Тој истакна дека е задоволен од досегашната динамика на замена на таблиците и посочи дека практично и оние што би се обиделе да го одложат процесот, нема да можат да го избегнат, бидејќи со првата редовна регистрација ќе мора да ја извршат промената на таблиците, се наведува во соопштението од СОЗР.

Томовски информираше дека во тек е и формирање на работна група помеѓу Министерството за внатрешни работи и СОЗР, која ќе работи на измени во регулативата со цел да се овозможи санкционирање во случаи на злоупотреба на службените возила. Според Томовски, овие законски измени се очекува да бидат финализирани до крајот на годината.

„Од вкупната бројка од околу 7.500 службени возила, која се спомнува во јавноста, значителен дел се веќе вон употреба и ќе бидат расходувани. Би ги повикал институциите да пристапат кон рационализација на возилата, да ја сведеме на минимум употребата на службените возила, онолку колку што им е потребно на институциите за непречено функционирање. Службата за општи и заеднички работи, односно како Влада, први го направивме тој чекор. Од вкупно 220 возила со кои располагаме, 104 ќе бидат расходувани и продадени веднаш по завршувањето на изборите“, изјави Томовски во Тема на денот и посочи дека почетната проценета вредност на овие возила, според Бирото за судски вештачења при Министерството за правда, изнесува околу 1.600.000 денари. Средствата од продажбата ќе се слеат во државниот буџет, по што ќе се одлучува за нивната натамошна намена.

„Рационализацијата е неопходна. Употребата на службени возила треба да се сведе на минимум, онолку колку што е неопходно за непречено функционирање на институциите. Според нашите проценки, државата реално не треба да располага со повеќе од 2.000 активни возила“, додаде Томовски кој истакна дека во насока на зајакнување на надзорот и контролата, во Владата се разгледува и можноста за поставување GPS-уреди во сите државни возила.

Томовски потсети дека граѓаните и понатаму можат да пријавуваат сомнежи за злоупотреба на службени возила, а институциите се должни да постапуваат согласно важечката законска рамка. Во борбата против злоупотреби, СОЗР има редовна и транспарентна соработка и со Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), од која добива насоки за постапување и доставува информации за состојбата со возниот парк.

Tags: службени возилаТомовски
Next Post

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 80. Генерално собрание на ОН

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk