ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Османи: „Паметно паркирање“ е решението за најгорливиот проблем на Чаир

September 22, 2025 13:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Бујар Османи

Бујар Османи

Share on FacebookShare on Twitter

Чаир се наоѓа пред точка на колапс, предупреди кандидатот за градоначалник Бујар Османи, претставувајќи ја својата револуционерна стратегија „Smart Parking“ или „Паметно паркирање“. Тој истакна дека токму проблемот со паркирањето е најголемата причина за хаосот, конфликтите и секојдневните маки на граѓаните, стои во соопштението на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир.

„Паркирањето е број еден проблем за граѓаните. Тоа е причината зошто луѓето сакаат да заминат од Чаир. Јас не се плашам од големи предизвици, овој проблем ќе го решиме со план, инвестиции и во соработка со граѓаните,“ изјави Османи.

Стратегијата предвидува три јасни етапи: краткорочни решенија за најкритичните точки, среднорочни инвестиции во нови подземни гаражи со над 2.500 паркинг-места, како и долгорочна визија за целосна урбанизација на маалата преку планот „Чаир 2040“.

„Ќе изградиме 1000 паркинг-места на ‘Џон Кенеди’, 500 во Стариот Чаир, подземни паркинзи на ‘Методија Митевски’, Саат Кула, ‘Лирија’ и ‘Скендербег’. Ова не е ветување на хартија, туку конкретни проекти со јасна динамика.“

Османи нагласи дека секое маало во Чаир ќе добие сопствени паркинг-места, исклучиво за жителите на таа населба. Решенијата ќе бидат внимателно дизајнирани за да не се наруши постојното зеленило и јавните простори. „Нашата цел е функционално паркирање без уништување на зелените површини и јавниот простор. Паркирањето мора да носи ред, не хаос.“

За краток рок, Османи најави ново општинско претпријатие за паркирање и иновативни решенија преку откуп или јавно-приватни партнерства, со цел секоја населба да добие сопствени паркинг-зони.

„Чаир денес е претворен во општина на автомобили, без слободен тротоар, со нарушен квалитет на живот. Ако не реагираме, ни се заканува целосен колапс на основните функции. Но јас велам, ова ќе го промениме!“ подвлече Османи.

Тој потенцираше дека стратегијата за паметно паркирање е само дел од поголема визија, модерна, урбана и уредена општина, каде граѓаните ќе живеат со достоинство, а јавните простори, зеленилото и редот ќе бидат приоритет.

„Ќе го вратиме редот и ќе му дадеме нов изглед на Чаир. Тоа е мојата заложба и мојата обврска пред секој жител на нашата општина“, нагласи Османи.

Tags: ОсманиЧаир
Next Post

Туск: Полска ќе соборува руски воени авиони ако упаднат во нејзиниот воздушен простор

Shortcut

Најново

Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

МТФ „Војдан Чернодрински“: Менталното здравје на театарџиите под лупа, младите режисери дебатираа за современиот театарски јазик

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk