Компанијата „Synology“, заедно со „A&S Adria Security Summit“, во Скопје, организираат дводневниот саем од областа на сајбер безбедноста, складирање на податоци, виртуелзицаија и видео надзор. Оттаму упатуваат повик до сите компании кои се заинтересирани за ИТ решенијата во областа на сајбер безбедноста и системите за видeо надзор.
Активно учество со свој штанд на престојниот саем, „Synology“ ќе има на 8ми и 9ти Октомври, во Хотел Александар Палас – Скопје. Овој саем, како што информираат организаторите, на едно место ќе ги собере врвните стручни лица и компании од областа на сајбер безбедността. Synology во оваа прилика ќе ги претстави своите решенија за заштита и управување со податоци, системи за виртуелизација на сервери како и систем за видео надзор базиран на ИП камери.
На штандот на Synology (број.72) ќе биде присутен и официјалниот дистрибутер за Македонија, ЈВСНет, со што посетителите ќе имаат дополнителна можност да се запознаат со хардверските и софтверските решенија, технички можности, начини на имплементација како и поддршка. При тоа компаниите ќе имаат можност и за проширување на соработката на локалниот пазар.
Тимот на ЈВСНет ги повикува сите заинтересирани компании кои имаат интерес за овие области, „да не посетат на овој саем и да се уверат во огромните можности кои ги нуди брендот „Synology“.
„Нашиот стручен тим ќе биде на располагање и ќе Ви даде секаков вид на потребни информации поврзани со решенијата на Synology. Тука сме за насоки и совети поврзани за понатамошна соработка на секакво ниво“, истакнуваат од ЈВСНет.
Пријава за присуство на електронската пошта: event@jvsnet.com.mk
Повеќе детали за настанот на официјалната страна нa организаторот: www.adriasecuritysummit.com