ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Директори на вселенски камп на НАСА и експерт за дигитално образование при ЕК ќе говорат на седмата „ЕдуКонференција“ во Струга

September 27, 2025 09:44
in ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вештачката интелигенција и технологијата во образованието ќе бидат во фокус на седмото издание на една од најголемите и највлијателните образовни конференции во Македонија, „ЕдуКонференција25“, која ќе се одржи денеска и утре во хотелот „Дрим“ во Струга.

Георги Димитров, раководител на одделението „Дигитално Образование“ при Европската комисија ќе биде главен говорник и официјално ќе ја отвори конференцијата. Специјални гости ќе бидат Емре Едај и Риза Толга Јилдирим, директори на вселенскиот камп на НАСА во Турција, но ќе говорат и повеќе од 20 професионалци од земјава и странство на различни теми од сферата.

Конференцијата наменета на вештачката интелигенција за педагошки цели “Unlocking AI: Innovate, Integrate, Inspire!” ќе опфати предавања, панел-дискусии, презентации на ВИ алатки од страна на студенти од сите педагошки факултети во Македонија, како и учество на еминентни професори, експерти и практичари од повеќе европски земји. Организатор е здружението „Пријатели на образованието“ во кое членуваат наставници, професори и ИКТ експерти чија основна цел е обезбедување на квалитетна и креативна наставна пракса.

– Нашата визија е осовременување на воспитанието и образованието со примена на дигитални образовни ресурси и поврзување со меѓународни организации со сродни активности. Фактот дека конференцијата се одржува по седми пат и програмата од година во година е сè побогата и со говорници од висок ранг, говори многу за растот на самиот настан и негово позиционирање како платформа која го поврзува македонското образование со европските трендови и со тоа инспирира промени во наставата и учењето, велат од здружението „Пријатели на образованието“.

Главниот говорник Георги Димитров е раководител на одделението „Дигитално образование“ во Европската комисија. Во Комисијата се приклучува во 2008 година, а неговата работа опфаќа развој на иновации, дигитално образование и соработка меѓу универзитетите и бизнис-секторот. Меѓу неговите клучни проекти се воспоставувањето на Европскиот институт за иновации и технологија (EIT), иницијативата HEInnovate на Европската комисија и OECD, како и управување со политики за претприемачко и иновативно високо образование. Пред да се приклучи на Комисијата, работел во водечка мултинационална телекомуникациска компанија и во стартап во Германија. Димитров е магистер по општествени науки од Универзитетот во Бон, доктор по филозофија од Универзитетот Ерланген-Нирнберг, а дополнително се усовршувал во менаџмент на технологија на Отворениот универзитет во Обединетото Кралство.

Емре Едај и Риза Толга Јилдирим од вселенскиот камп на НАСА во Турција ќе го пренесат своето знаење на македонските наставници и ученици кои ќе се запознаат со едукативните програми и шансите за директно учество во овој уникатен камп посветен на вселената, науката и технологијата и е директно основан од НАСА. Станува збор вселенски центар за обука во Измир чија програмата е адаптирана за деца и млади на возраст од 9 до 15 години, кои имаат интерес во областа на астрономијата, физиката, математиката, технологијата, биологијата и сите други науки. Во светот има само три слични центри, при што во Европа е единствен кој функционира како образовен тренинг камп. Тој е создаден по модел на НАСА во 2000 година и реализира програми за обука од април до септември и од неговото основање до денес низ него поминале над 15 000 учесници.

Со својата богата програма и со учесници и реномирани предавачи од Финска, Бугарија, Литванија, Турција и Македонија, „ЕдуКонференција“ уште еднаш се позиционира како платформа која го поврзува македонското образование со европските трендови и која инспирира позитивни промени во наставата и учењето.

Tags: ЕдуКонференцијаСтруга
Next Post
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk