СДСМ ја претстави новата официјална веб-страница www.zanashiotdom.mk, каде што, како што велат од партијата, граѓаните и медиумите можат на едно место да ги најдат сите информации поврзани со изборите.
„Граѓаните и медиумите може да ги преземат комплетните програмски документи за сите општини, информациите за кандидатите за градоначалници, носителите на советнички листи, како и за решенијата за секоја општина и визијата што ја претставуваме“, стои во соопштението.
На страницата се достапни изборните програми за конкретни општини, листите на кандидати и нивните биографии, како и приоритетите што ги предлага партијата. Дополнително, СДСМ остава можност граѓаните да се вклучат со свои идеи, размислувања и предлози.
„Веруваме дека секое мислење е важно и секој глас е слушнат. Се бориме за нашиот дом“, порачаа од СДСМ.