ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Марјановиќ: Околу 1.200 нови пациени годишно со рак на дојка, 80% погрешно се упатуваат на хирургија наместо на онкологија

October 1, 2025 15:43
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението Хемаонко денеска организираше појадок и дружење со пациентките со рак на дојка со што го одбележа 1 октомври, почетокот на Месецот за борба против ракот на дојка. Ана Марјановиќ, од Здружението Хемаонко во изјава за медиумите истакна дека годишно на Клиниката за онкологија се дијагностицираат околу 1200 пациентки со рак на дојка, и дека пациентките се соочуваат со низа проблеми почнувајќи од непроменети протоколи, немањето тумор бордови, периоди кога нема терапија, немање национална скрининг програма за детектирање на нулта и прв стадиум на рак и друго.

– Се собравме пред Клиниката за онкологија за да го започнеме Розовиот октомври, којшто ние онколошките пациенти не го сакаме бидејќи имаме чувство дека сите се сеќаваат на пациентите со рак само во овој месец. Ние сме тука само да изразиме поддршка на пациентите кои се соочуваат со оваа болест преку еден симболичен појадок со Хемаонко, да се подружиме, да поразговараме со нив и што за пациентите е најважно да им кажеме дека не се сами во оваа борба, рече Марјановиќ.

Она кое што е најпоразително за онколошките пациенти во Македонија, како што кажа таа, е што тие се соочуваат со навистина голем број на проблеми коишто од година на година како да растат, иако делумно се менуваат работите.  Здружението направило анкета, која според Марјановиќ е поразителна и во која се вклучиле 200 дијагностицирани пациенти.

-Она што е во прво време поразително е дека поголем дел, околу 60 проценти од пациентите за првичната дијагноза односно биопсија одат на приватно. Што е уште попоразително е дека околу 80 проценти од овие новодијагностицирани пациенти наместо на Клиниката за онкологија по дијагнозата се упатуваат на хирургија. Тоа е така бидејќи во оваа држава протоколите не се променети и не функционираат онака како што треба и што е уште позначајно тумур бордовите не функционираат. Ние како Здружение навистина работиме на тоа да се подобри во иднина. Овие 80 отсто од пациентите е најзначајно да дојдат на Клиниката за онкологија. Во соработка со онкологот, хирургот, патологија да се направи најдобриот третман за тој пациент и како тоа лекување треба да се продолжи понатаму, рече Марјановиќ.

Како приоритет за Хемаонко, нагласи таа, е да профункционираат овие туморбордови од наредната година, а исто така се подготвува и брошура која треба да им помогне на новодијагностицираните пациенти да се снаоѓаат подобро.

-Меѓутоа, што е уште позначајно од се ова е дека ние национална скрининг програма која што ќе ги детектира нулта стадиум, прв стадиум ние се уште немаме.  Исто така во моментов и на тоа се работи и се надеваме дека пред истекот на годината ние веќе ќе имаме добра стратегија за скрининг програма која што ќе се следи со години, бидејќи доколку немате скрининг програма која што ќе даде резултати  5 до 10 години, апсолутно е како да немате скрининг програма. Во оваа скрининг програма е најзначајно е да се вклучени сите пациенти од 40 до 69-годишна возраст, а ние работиме на некој начин бидејќи имаме премногу млади пациенти дијагностицирани на кој начин можеме да ги интегрираме и овие пациенти кои се под 40 години, рече Марјановиќ.

Еден од главните проблеми на Клиниката за онкологија, како што кажа таа, се периодите кога нема терапија. Пари има, додава Марјановиќ, но треба да се менува начинот како се набавува терапијата.

-На клиниката за онкологија еден од главните проблеми е, иако оваа година добивме за 65 проценти поголем буџет, што воопшто не е за занемарување и нешто за што сме благодарни. Но, со што се соочивме оваа година, и покрај поголемиот буџет на Клиниката во изминатите шест месеци се појавуваат гапови кои што се две недели, една недела, три недели за одредени терапии, што значи дека не се само парите проблем. Парите ги има меѓутоа, габаритните тендерски процедури, некоординираноста административна на системот и немањето механизми кои ќе ги регулираат и добавувачите, ние сме оставени со дупки од неколку недели. А, како што веќе зборувавме, зошто да имаме вакви дупки кога веќе ги имаме средствата.  Сметаме дека најнапред треба да се промени набавката на лекови, дека можеби треба да се размислува и за набавка на државно ниво, да не биде тоа месечно за неколку години, да биде централизирана за да се избегне ова, рече таа.

Како втор проблем којшто исто така треба да се потенцира, според Марјановиќ, е дека овие лекови кои фалат и кои се кажуваат во јавноста, треба да бидат ставени на „Б“ позитивната листа односно на болничката листа. Здружението, пак,  да може да работи на поновите терапии – петта генерација, кои се за метастатски канцери.

Tags: рак на дојкаХемаонко
Next Post

Објавени добитниците на државната награда „11 Октомври“ за животно дело

Shortcut

Најново

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk