ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Опозицијата фатена како одмага во клучни моменти пред конечната одлука за почеток на преговори

Нашите дипломатски извори со чудење констатираат комплетно отсуство на свест и чувство за националните интереси кај опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ верува дека ако ѝ се стемни на државата, ќе профитира политички, обвинувајќи ги СДСМ и ДУИ за евентуалниот неуспех.

October 16, 2019 09:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Мицкоски на колена. Протестен марш во Штип, 16.9.2018 година

Мицкоски на колена. Протестен марш во Штип, 16.9.2018 година

ФРОНТЛАЈН.МК дознава дека видни функционери на ВМРО-ДПМНЕ користејќи ги личните контакти во сестринските партии лобираат да се прифати позицијата на Франција, да се одложи одлуката за одредување датум за преговори за јуни 2020. Во нивните лобирања против сопствената земја ги критикувале реформите кои се спроведуваат во Македонија, искажувајќи аргументи и против реформите кои самите ги поддржаа и за кои гласаа во Парламентот, и оние кои ги кочеа.

Опозициските претставници се фокусирани на Грција и Италија кои се најгласни против разделувањето на Македонија и Албанија. Иако, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски уште пред неколку месеци јавно го обвинуваше Бујар Османи дека свесно работел Македонија и Албанија да одат во пакет пред Европскиот Совет, сега токму опозициските претставници тајно прават сѐ што е во нивна моќ пакетот да не биде раздвоен.

Дури и Никола Груевски вртел телефони за да убедува европски претставници од ЕПП давајќи гаранција дека Мицкоски ќе бил ревносен и дисциплиниран исполнувач на сите обврски кон Бугарија и Грција.

Нашите дипломатски извори со чудење констатираат комплетно отсуство на свест и чувство за националните интереси кај опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ верува дека ако ѝ се стемни на државата, ќе профитира политички, обвинувајќи го СДСМ за евентуалниот неуспех.

Нашите извори велат дека инволвираноста на опозицијата, контра напорите за добивање почеток на преговорите, уште повеќе ги мотивира нашите меѓународни сојузници да притискаат Макрон да се прекрши и да дозволи компромисна формулација со која Северна Македонија ќе биде наградена за, како што велат, храбрите и одважни жртви за враќање на стратешкиот колосек за интегрирање во НАТО и ЕУ. Европските дипломати сметаат дека не смее да им се даде погонско гориво на камелеоните во опозицијата кои јавно се крстат во ЕУ и НАТО, а тајно се колнат во Путин и неговите методи на владеење.

Next Post

Владина делегација во Виена на средби со претставници на австриски компании

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk