ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Слушнавме експлозија, земјата се стресе, мислевме дека е земјотрес, сведочат жители за водоводниот дефект во Влае

October 6, 2025 07:55
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одеднаш слушнавме силна експлозија и земјата и куќата се стресоа. Слушнавме експлозија. Мислевме дека е земјотрес. Излегов надвор и тогаш видов што се случило. Целиот тој дел од улицата експлодирал и парчиња од асфалтот летнале. Потоа се појави оваа дупка. Пукнала цевката од притисок. Овде асфалтот на оваа уличка е неколку сантиметри, а за изградба на згради тука поминуваат огромни и тешки камиони. Беше прашање на време кога ова ќе се случи – вели жител на Влае кој живее на стотина метри од местото каде што експлодирала Ф-600 цевка. Поради тоа, безмалку во половина Скопје, пред се во Влае, Карпош, Тафталиџе, Козле, па се до Центар, имаше помал притисок на вода и таа течеше со сериозно намален капацитет.

Бевме на лице место. Екслозијата се случила на крајот од улицата Франце Прешерн во Влае, во делот од улицата што оди покрај самиот Вардар. По улицата буквално тече уште една помала река. Екипа на Водовод дојде, но вечерва практично нема што многу да се стори. Половина час се мислеа како да најдат ленти и евентуално ротациони светла за да го заградат местото (на крај на едната страна ставија некакво буре кое го најдоа тука, а со кое беше покриена друга длабока шахта), за да не се случи некој со автомобил да се залета и да пропадне во дупката од околу еден метар, а која има, во површина повеќе од десетина метри квадратни. Распуканиот и пропаднат афсалт сведочи за силината на експлозијата и кога ќе го видите тоа, станува јасно зошто земјата и куќите во околината се затресле, а жителите мислеле дека е во прашање земјотрес.

Водовод вечрва нема што да работи на тоа место, туку копањето за да се дојде до цевката ќе почне утре наутро. Во меѓувреме, поголем доток на вода ќе се обезбеди преку цевката од другата страна на Вардар. Првичната дилема на екипата беше дали и таму се е во ред и дали ќе може преку таа линија да се обезбеди поголем доток на вода за градот, но тоа е постигнато, така што граѓаните ќе можат нормално да го пребродат овој навистина сериозен дефект.,

Next Post
Повеќенеделни антируски окупациски протести во Тбилиси во летото 2019 година, кои следеа по посетата на рускиот пратеник Сергеј Гаврилов во главниот град на Грузија. Фото: Еана Корбезашвил

ЕУ остро ја критикуваше Грузија за локалните избори

Shortcut

Најново

Фото: Геенрирано со ВИ

Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

June 5, 2026
Фото: Скриншот

Зеленски со отворено писмо до Путин: Предлагам директна средба за крај на војната

June 5, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 5 јуни 2026: Колективна визија и оригинални решенија

June 4, 2026

Битиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркет

June 4, 2026

ОФИЦИЈАЛНО: Андони Ираола е нов главен тренер на Ливерпул

June 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk