ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„ПМГ Рекордингс Фестивал 14“, од 16 до 18 октомври – од електроника до поп, од поезија до трап

October 9, 2025 10:33
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје и оваа есен ќе биде центар на современата музичка сцена, со одржувањето на „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“, од 16 до 18 октомври на сцените на „Јавна соба“ и на малата сцена во МНТ.

Под мотото на промената, поврзана со бројот „14“ како симбол на трансформација, слобода и духовен раст, фестивалот носи програма која ја спојува урбаната култура, новите музички експерименти и автентичниот звук на домашните и меѓународни автори.

Најголемо внимание, привлекува настапот на MANGROOVE – еден од најреномираните и најквалитетни поп-состави од хрватската сцена, кои за првпат ќе настапат пред македонската публика. Нивниот концерт е закажан за 18 октомври во „Јавна соба“, како кулминација на тридневниот фестивал. MANGROOVE се препознатливи по свежината, силната емоција и извонредната енергија на живите настапи – бенд, кој не смее да се пропушти. Зад нив стои креативниот тандем Тони Старешиниќ, клучна фигура на хрватската џез сцена, и Жељка Веверец, чиј глас и авторска моќ за стихови го носат бендот во самиот врв на регионалната музичка продукција. Придружени од врвните музичари Силвио Бочиќ и Лео Беслаќ, MANGROOVE со 6 студиски албуми донесоа многу хитови, соработки со признати музичари, како и со Џез оркестарот на Хрватската радио телевизија. На концертот во Скопје, публиката ќе има единствена можност да слушне дел од најголемите хитови, но и да биде меѓу првите, кои ќе слушнат и музика од најновиот албум „Комад неба“. Вечерта ќе ја отвори македонската електро-поп дива Марија Каева, со трио состав, збогатувајќи ја програмата со избор композиции, препознатливи синглови и рефрени од последниот албум „Фортуна“.

Фестивалот започнува на 16 октомври во „Јавна соба“, со настап на Александар Велики – музичкото алтер его на Александар Гавровски. Тој е активен во сферата на музиката повеќе од две децении, а со соло проектот и три студиски албуми покажа зрел авторски израз. Истата вечер ќе настапат и Donplaya & Prince$$ Donatsu, највлијателното трап-дуо од Битола, кое со провокативен стил и израз ја освои младата публика и ги помести границите помеѓу музиката, уметноста, рапот и комедијата. Ова е бесплатна вечер за публиката.

Втората фестивалска вечер на 17 октомври ќе се одржи на малата сцена на МНТ и ќе биде посветена на електронската музика во интердисциплинарен контекст. Скопскиот продуцент и диџеј L.O.V.D (Љубен Дерибан) ќе ја претстави својата авторска електронска продукција во живо. Музичко-поетскиот проектот Поетроника (Оливер Митковски и Андреја Салпе) ќе се претстави со досега неизведени композиции на македонска поезија во современи електронски звучни текстури. Blackstate (Филип Тасевски) ќе понуди моќен настап, комбинирајќи експериментална електроника, синт поп, алт-поп и хардкор панк, отворајќи теми за емоционалната комплексност на денешницата.

ПМГ Рекордингс Фестивал го основа Мирко Попов во 2008 година. Со 13 реализирани изданија, фестивалот беше значајна платформа на новата и квалитетна музичка

продукција. Подготовките за 14-то издание започнаа во 2023 година со Попов, а годинашнава реализација е резултат на работата на тимот на фестивалот, заедно со музичарите и партнерите, со програма посветена на неговиот роденден.

Со три вечери исполнети со разновидни изведувачи, музички експерименти и културни соработки, ПМГ Рекордингс Фестивал 14 останува платформа за современиот музички израз и автентичниот глас на генерациите што создаваат нова историја на македонската и регионалната сцена.

Фестивалот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам на Р.С Македонија. Партнери на фестивалот се „Јавна соба“ и Македонски народен театар. Фестивалот е во организација на здружението за развој на музика и култура „Крај Вардарот“.

 

Tags: ПМГ Рекордингс Фестивал 14
Next Post

Локомотива го најавува есенското издание на Перформанс Платформа Фестивалот

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk