Џелал Незири – Институт Бирц, политички аналитичар, на панел дискусијата на ЦИВИЛ – Демократско назадување: Импликации и последици, Научени лекции – Заштита на демократијата, вели дека кога во 90 те години кога транзитираа од еднопартиски во повеќепартиски систем, по направената анкета дојдоа до фрапантни сознанија дека живееле подобро кога им беше полошо.
„Така е во Албанија, Србија и Косово, воглавно земјите од Балканот имаат тенденција на авторитарно владеење.
Администрацијата е наследена од поранешниот систем, и покрај тоа што имаме демократски повеќепартиско гласање.
Има слобода на гласање но има екстремна партизација. Разликата од минатото е тоа што порано имавме една партија, сега имаме повеќе партии.
Граѓаните видоа дека со демократијата видоа дека осиромашуваат, додека политичарите кои влегуваат во политиката излегуваат како бизнисмени.
Демократијата да даде успех, треба на тоа да работиме“, рече Незири.
Преземено: Цивил Медиа