Поради уличен дефект на бул. „Илинден“ 2, утринава од 08.40 часот прекинато е водоснабдување кај корисниците на дел од бул. „Илинден“ и дел од бул.„ВМРО“.
ЈП „Водовод и канализација“ Скопје соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.
Прекинато водоснабдување денеска од 08:40 часот имаат и корисниците од улиците „Гари“ и „Езерци“.
Причина за прекинот е реконструкција на ул. „Гари“.





