Претседателот на СЗО повика на единство во моменти кога организацијата е под напади од Претседателот на САД, Доналд Трамп.
Во вчерашното обраќање, Тедрос Аданом Гебрејесус ја бранеше работата на СЗО и апелираше да се стави крај на политизацијата на епидемијата.
Трамп најави дека е можно САД да го запре финансирањето на оваа агенција која е во рамките на Обединетите Нации.
Претседателот на САД ги обвини СЗО дека се „многу наклонети кон Кина“ велејќи дека „навистина потфрлиле“ во навремено реагирање на пандемијата.
„Не гледаме ние боја на кожа, блиски сме со сите нации“ додаде Д-р. Тедрос.
А. Н. Стојчевски