Жариштето на пандемијата од корона вирус, градот Вухан во областа Хубеј во Кина, полека се врати во нормала и минатиот викенд со церемонија на „игра со светла“ беше прославено повторното отварање на градот.
Речиси 11 милиони луѓе во градот беа во карантин скоро 3 месеци. Во видеото неколку жители ги споделуваат своите искуства и го охрабруваат светот да издржи, но и да научи од грешките за да нема поголеми и потешки последици.
А. Н. Стојчевски