ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Две хуманитарни џез вечери во Куманово под мотото „Музика за Филип – поддршка за Кочани“

October 13, 2025 14:09
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

 Годинешниот Џез фестивал во Куманово кој почнува утре, ќе биде посветен на уметничкиот директор кој загина во трагедијата во Кочани, Филип Стевановски, соопштија денеска организаторите од Институт за наука, уметност, култура и спорт Куманово-ИНУКС.

Фестивалот ќе се одржи на 14 и 15 октомври годинава со почеток во 20 часот во Занаетчискиот дом во Куманово, под мотото „Музика за Филип – поддршка за Кочани“, со две хуманитарни џез вечери посветени на поддршка за семејствата погодени од трагедијата во Кочани. Настанот ќе биде бесплатен за посетителите, а сите доброволни прилози ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Секое присуство е поддршка, секоја солидарност е надеж, а хуманост е сила што лекува и обединува. Целта е да ја исполниме салата со музика, со срце, емоција, љубов во време кога емоциите се вистинска бура. Музиката има моќ да лекува, а хуманоста – да обедини, изјави организацискиот директор на Фестивалот, Кристина Стевановска Маневска.

Утревечер, во 20 часот ќе се одржи меморијалниот дел посветен на Филип Стевановски. Промоцијата на монографијата, изработениот документарен филм, музичари ќе изведат композиции. Издавач на монографијата е Институт за наука, уметност, култура и спорт Куманово. Задутре, пак е втората фестивалска вечер во која настапуваат три џез состави од земјата и странство и тоа: FISH IN OIL (Република Србија), 3D PROJECT (Република Македонија), OLIVER DUEV TRIO (Република Македонија).

– Влезот за двете вечери е бесплатен а карактеристично е што и двете вечери ќе имаат хуманитарен карактер. Собраните финансиски средства ќе бидат наменети за починатите во дискотеката „Пулс“ Кочани. Од идната година името на џез фестивалот ќе претрпи промени и ќе гласи: JAZZ FESTIVAL FILIP STEVANOVSKI KUMANOVO. Во чест и спомен на Филип, вели Стевановска Маневска.

Проф. д-р Маријан Стевановски ја подготви монографијата од момент на случувањето на трагедијата и содржи околу петстотини страници, покрај текст има и илустрации.

– Оваа монографија не ја пишував само како сведоштво за неговиот живот, туку и како обид да го претставам неговиот краток, но многу плоден живот преку спомени, преку музиката што ја создаваше, преку луѓето што ги допре со својата добрина, екстровертност, љубов, почитување и дружење. Тоа е мост помеѓу времето што го живеевме заедно и времето што доаѓа, во кое сакам Филип да остане присутен: како инспирација, како звук што не исчезнува. И сакам да ги сочувам: неговата чувствителност, храброст, уникатен музички дар, неговата топлина и онаа посебна светлина што ја носеше со себе, за неговото семејство, за пријателите, за идните генерации кои можеби никогаш не го запознале, но ќе можат да го почувствуваат преку монографијата, вели Стевановски.

За него, монографијата не е само издание, туку е жив спомен, сведоштво за едно млада, исклучително талентирана личност која остави длабока трага не само во музиката, туку и за сите кои го познаваа.

– Филип беше пијанист и тромбонист, композитор, текстописец, аранжер, тој беше сè онаа што еден човек може да посака од своето дете а од друга стана поседуваше ретка чувствителност и сенс за креативност. Во секој негов настап, во секоја нота, имаше искреност, радост и фреквенција што допираше во душата на слушателите подлабоко од отсвирените ноти и искажаните зборови. Оваа монографија е мој обид како татко, но и како човек да го сочувам споменот за Филип затоа што тој тоа го заслужува. Да ја сочувам неговата приказна, неговиот творечки пат, неговите соништа и неговиот внатрешен свет. Со секоја страница, со секоја фотографија, сакав да ја оживеам неговата енергија, неговата добрина и неговата посветеност кон музиката. Ова не е книга што се чита само со очи. Таа се чита со срце. Затоа што во секој нејзин дел има љубов, болка, спомен и благодарност. Филип замина прерано, но неговото присуство е и денес силно и живо. Тој продолжува да нè инспирира самите нас затоа што неговото дело и личност ќе живеат вечно во нашите срца и души, вели Стевановски.

Jazz фестивалот Куманово 2025, веќе има осумгодишна традиција и придонесува за подобрување на современата музичка џез култура во подрачјето на општина Куманово и пошироко. Фестивалот делува во насока на враќање на продобивките и сјајот на современата џез-музика и ја продолжува традицијата со нови содржини и пред сè квалитативни елементи во насока на музичката изведба и артистите.

– Со оваа се постигнува целосна компатибилност помеѓу класичната и современата џез-музика, без еуфемизам во подрачјето на музичката понуда. Осумте фестивали кои беа одржани досега, френетично со одушевување без прифатени од публиката и воопшто музичката јавност. Сметаме дека со продолжување на фестивалската традиција, придонесот во развојот на музичката џез култура ќе биде на уште повисоко ниво. Впрочем, тоа го покажуваат нашите истражувања и анкети по завршувањето на фестивалот. Џез фестивалот придонесува кон зголемување на задоволството на граѓаните кои се заинтересирани и ја сакаат џез музиката, од општината па и пошироко од нашата држава во насока на негување на квалитетни музички форми. Со современата џез-музика се врши отстапување од секојдневните музички форми, се врши подобрување на културното ниво на овој вид музика, афирмација на џез музиката како една од носителите на современата музика и современата џез композиција што претставува авангарден пристап во своето егзистирање, развојот на културата и воопшто креирање на културното наследство низ годините што престојат, вели Стевановски.

Со ова издание, фестивалот му оддава трајна почит на Филип Стевановски, кој останува симбол на младешка страст, креативност и посветеност кон уметноста. Затоа, од идната година, фестивалот ќе го носи неговото име – Jazz Festival Filip Stevanovski Kumanovo, во чест и спомен на неговото дело и живот. Фестивалот се реализира со поддршка од Министерството за култура, кое веќе шест години го финансира проектот.

Организаторите ги повикаа кумановци, есенва да дишат со ритамот на музиката и човечноста, посочувајќи дека Куманово ќе биде, град на град на емоции, на сеќавање и благодарност, каде секој тон ќе зборува повеќе од илјада зборови. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: КочаниКумановоМузика за Филипуманитарни џез вечери
Next Post

Објавени добитниците на државната награда „23 Октомври“ за 2025 година

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп го повика претседателот Херцог да го помилува Нетанјаху

October 13, 2025
Скриншот

Вучиќ: Граѓаните да бидат мирни, нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати

October 13, 2025
Скриншот

Трамп тврди дека „Хезболах е целосно уништен“ и повикува на мир со Иран

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk