ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски од Велес: Ние на народот му должиме и на народот треба да му испорачаме

October 14, 2025 07:54
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Share on FacebookShare on Twitter

Многу е лесно да урнеш, а многу е тешко да изградиш, па затоа овие 15 месеци ние градевме внимателно тула по тула и ги соѕидувавме темелите на државата. Ветивме тука од Велес дека пензионерите во првата година ќе добијат линеарно по 5 илјади денари и тоа го испорачавме во првите 9 месеци, а во првата годинаипол од нашиот мандат тие линеарно ќе станат 7 илјади денари зголемување за пензионерите, најави од Велес премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вечерашниот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Велес.

Тој потенцира дека ресурсите сè тие со кои располагаат и пред оваа зголемување имаше 150 илјади пензионери кои имаа месечна пензија до 12 илјади денари, а со оваа зголемување најголем дел од нив за година и половина ќе добијат до 60 проценти зголемување на својата пензија.

-Тоа беше првото наше ветување стратешко, а второто беше дека ќе релоцираме од централниот буџет 250 милиони евра за капитални инвестиции во општините. Само во првите два повици преку Министерството за локална самоуправа издвоивме 350 милиони евра средства за општините, а воедно преку програмите за различни ресори преку неколку министерства за општините издвоивме дополнително уште 150 милиони евра, или вкупно половина милијарда евра. Ниедна Влада во текот на независна Македонија во својот мандат не издвоила половина милијарда евра за општините, а ние тоа го направивме за 15 месеци потенцира Мицковски.

Тој потсети дека третото стратешко ветување беше дека политичката партија која има голема тежина на криминал и корупција и која претставува симбол на нивното раководство за криминал и корупција и којашто за повеќе од две децении менуваше Влади раководена од Али Ахмети дека ќе биде во опозиција.

-Тие во изминатите 15 месеци се во опозиција и гледам дека не ја научија лекцијата и продолжуваат со истите луѓе со истата политика на национални извици на емоции, на затвореници, луѓе коишто имаат основано сомнение за сторен криминал, којшто повикуваат на пушки и борби, а ние сме во 21 век и зборуваме за вештачка интелигенција. Господа жалам што не ја научивте лекцијата и уште долго време ќе бидете во опозиција, а овој народ не ви се плаши.порача Мицкоски од Велес.

Тој потсети дека 2024 година Владата ја заврши со историски највисоко ново на директни странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра. Со тоа Македонија од дното во регионот, дојде во лидер во регионот и во првите три земји во Европа според глава на жител. Првпат по 7 години во март 2025 година е намален јавниот долг за 4,7 проценти во однос на бруто домашниот производ. Целосно ја платиле еврообврзницата издадена во 2018 година од половина милијарда евра.

-Петстотини милиони евра вративме на 19 јануари оваа година, а во април следната година ќе вратиме нови 700 милиони евра. Тие се тие кои ги задолжија неродените генерации, а ние го враќаме нивниот долг потенцира Мицкоски.

Тој потсети дека во општините имаат отпочнато 840 инфраструктурни проекти во вкупна вредност од 10 милијарди денари.

-Ги завршивме делниците на експресните патишта од Страцин – Ранковци до Крива Паланка и го пуштивме во употреба дел од експресниот пат од Градско до Прилеп односно Градско – Дреново и Дреново – Фариш. Исто така го пуштивме во употреба и регионалниот пат Охрид-Коњско-Свети Наум-Охрид, Сите овие проекти ги завршивме и пуштивме во употреба, потсети Мицковски.

Воедно потенцира дека ја интензивирале изградбата на трите делници на автопатиштата Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола, а пуштија и 35 километри од оној заборавен дел од автопатот Кичево – Охрид каде ја интензивирале работата и останува уште еден мал дел да се доизгради.

Воедно најави дека целата делница од Кичево до Охрид ќе биде завршена во првиот квартал од 2027 година.

Тој потсети за воведување на 11 нови авио линии на двата аеродроми во Скопје и Охрид. Воедно потсети и дека доделиле над 100 социјални станови во Велес, Кочани, Струмица и Гевгелија. Дека е донесен и оперативен план за активни програми и мерки за вработување на услуги на пазарот на трудот за 2025 година во вредност од 2,5 милијарди денари или околу 40 милиони евра за што дирекно се аплицирани 20 илјади граѓани.

Тој потсети дека во договор со синдикатите во здравството и образованието се зголемија платите на здравствените и образовните работници, а до 2028 година очекува да растат до 50 проценти, а зголемувањата веќе почнале. Воедно ги зголемиле и капитациите за матичните доктори, гинеколози, стоматолози, а за 10 проценти платите на вработените во МВР.

Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во изминатите 4 години имаше 42 градоначалници и очекува таа бројка да се зголеми по овие локални избори.

-Тие реконструираа улици, булевари и патишта во вкупна должина од над 770 километри во вредност од 100 милиони евра. Вашиот градоначалник сегашен и иден Марко Колев ме информира дека во Велес се направени 100 улици и остануваат уште 100. И тие ќе ги направиме. Воедно направени се и 47 километри водоводи и 91 километар канализација. Изградени или во завршна фаза се 7 пазари од затворен тип и 12 прочистителни станици.

Мицкоски потсети дека во делот на образованието реконструирани и модернизирани се повеќе од 400 училишта, а изградени се или се во завршна фаза 274 спортски и детски терени.

-Но што е најголемата вредност и за градоначалниците и за оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, е што нема ниту еден скандал, ниту едно основано сомнение за корупција, нема ниту едно спротивно од закон однесување, злоупотреба на службена должност, потенцира Мицкоски.

Воедно најави дека во следниот период внимателно ќе го следи работењето на секој во Владата, институциите и на градоначалниците.

-Ние сме народна партија и така треба да се однесуваме. Ние треба да бидеме слуги на народот, бидејќи на народот му должиме и на народот треба да му испорачаме, порача од Велес, лидерот на партијата и претседател на Влада Мицкоски.

Воедно најави дека во следниот период внимателно ќе го следи работењето на секој во Владата, институциите и на градоначалниците.

-Ние сме народна партија и така треба да се однесуваме. Ние треба да бидеме слуги на народот, бидејќи на народот му должиме и на народот треба да му испорачаме, порача од Велес, лидерот на партијата и претседател на Влада Мицкоски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Шукова: Старата скопска чаршија мора да биде срцето на современо, зелено и европско Скопје

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk