Селекторот на Шведска, Јон Дал, Томасон, го коментираше поразот од 1:0 од Косово синоќа во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година на домашен терен.
– Секако не бевме доволно добри, а тоа е ужасен резултат. Навистина боли. Заборавивме како да постигнуваме голови, а не знам зошто, изјави Томасон за „Ројтерс“.
Шведска, со еден бод од четири натпревари, е на четвртото место во Групата Б. Тие ќе играат против Швајцарија на гости на 15 ноември.
Косово со седум бода од четири средби е втор на табелата зад лидерот Швајцарија која има собрано 10 бода.