ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ортопедски операции почнаа да се извршуваат во гостиварската болница

October 15, 2025 13:36
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Фото: Pixabay

Фото: Pixabay

Share on FacebookShare on Twitter

Во гостиварската болница од денеска почнаа да се извршуваат операции во одделот за ортопедија. Тим од Клиниката за ТОАРИЛУЦ во Скопје во наредниов период ќе работи со гостиварските лекари, со што, како што беше кажано на прес конференција, идните пациенти нема да треба да патуваат и ќе се лекуваат поблиску до местото на живеење.

Министерот за здравство Азир Алиу при денешната посета на болницата „Ферид Мурад“ во Гостивар напомена дека новите услуги кои се воведени се огромен чекор напред во здравствената заштита на заедницата.

– Денес сме тука за да објавиме дека оперативни услуги кои ги немало досега, за првпат ќе се користат во оваа болница. Министерството креира соодветна инфраструктура и инвестирање во опрема, но и човечкиот фактор. Затоа денес тука заедно со докторите од Гостивар работат нивни колеги од Клиниката за ТОАРИЛУЦ од Скопје. На тој начин тие вештини кои треба да ги има секој доктор за одредени услуги да можат да ги пренесат и на локално ниво, во овој случај, на секундарното здравство, рече министерот Алиу

Тој кажа дека целта на Владата е здравството да се приближи до граѓаните и оцени дека за брзо време во Македонија ќе има соодветни европски услови за здравството.

Директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџаноски кажа дека на првиот ден се закажани пет операции кои ќе се извршат во новата операциона сала и напомена дека условите се најдобри во гостиварската болница.

– Денес е историски ден за гостиварската болница. За првпат овде започнуваат операции на ортопедскиот оддел, што е огромен чекор напред во здравствената заштита што ја нудиме на нашата заедница. Со отворањето на овој оддел, граѓаните на Гостивар и околните места веќе нема да мораат да патуваат далеку за квалитетни ортопедски услуги. Пациентите ќе добиваат сигурни и современи услови за лекување, а нашите лекари и медицински сестри ќе можат да го покажат своето знаење и посветеност во најдобри услови, рече Мерџаноски.

Тој нагласи дека здравствените работници од Гостивар ќе имаат целосна поддршка од Клиниката за ТОАРИЛУЦ во Скопје, државната болница за ортопедија, која ќе обезбедува експертска помош, обука и стручна консултација од самиот почеток.

Next Post
Израелски хеликоптери се упатуваат кон базата Реим за да ги примат вратените заложници. Фото: ИДФ

ИДФ: Едно од телата вратени од Хамас не е на заложник

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk