ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Техничките екипи на операторите можат да интервенираат на пријавен дефект и во време на полициски час

Во ситуации на големи пречки кои афектираат повеќе корисници и треба итна техничка асистенција, во хармонизација со надлежните служби за кризна ситуација, ги обезбедуваме сите неопходни дозволи за да решиме технички проблем во корист на граѓаните.

April 9, 2020 13:29
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку граѓаните имаат технички проблеми во функционирање на телекомуникациската мрежа може да се обратат до операторите, чии технички екипи и покрај тоа што е полициски час и е прогласена вонредна состојба излегуваат на терен.

Од Македонски телеком велат дека иако се наоѓаме во вонредна ситуација имаат одговорност да обезбедат стабилна и безбедна мрежа и непречено функционирање на сите сервиси и услуги.

Како што велат за МИА од Телеком, нивните технички екипи се на терен секојдневно, почитувајќи го времето за ограничено движење од страна на Владата и посветено работат на обезбедување беспрекорни услуги за непречена комуникација.

-Во ситуации на големи пречки кои афектираат повеќе корисници и треба итна техничка асистенција, во хармонизација со надлежните служби за кризна ситуација, ги обезбедуваме сите неопходни дозволи за да решиме технички проблем во корист на граѓаните. Но, како одговорна компанија, секако водиме грижа за сите вработени, особено за оние кои што во овие кризни моменти секојдневно остваруваат непосреден контакт со корисниците, вклучувајќи ги и нашите техничари, посочуваат од телекомуникациската компанија.

За таа цел, како што дополнуваат, тие се обезбедени со целосна заштитна опрема која вклучува маска, ракавици и средства за дезинфекција, а во одредени ситуации и заштитни одела. Без оглед на тешката ситуација во која сите се наоѓаме, ние продолжуваме да ги поврзуваме корисниците, овозможувајќи им на тој начин услови да останат дома и да се придржуваат кон мерките за заштита од коронавирусот, да работат од дома и да комуницираат дигитално со своите најблиски, наведуваат од Телеком.

Како заштитна мерка на граѓаните во услови на прогласената пандемија, Владата донесе Уредба, а телекомуникациските компании од неодамна воведоа  електронските сметки за сите нивни корисници  со цел да се избегне изготвување и достава на фактури во хартиена форма, како заштитна мерка на граѓаните во услови на прогласена пандемија во државата.

– При доставувањето на електронските сметки, корисниците меѓу кои спаѓаат и повозрасната категорија на граѓани добиваат и насоки за брзо и едноставно електронско плаќање. Во моментов се нудат повеќе можности за електронско плаќање преку дигиталните канали (Telekom MK апликацијата, веб страницата плати онлајн), како и целосна поддршка во процесот на плаќање. Но, како компанија им излегуваме во пресрет на корисниците и доколку имаат потешкотии при подмирувањето на сметките можат да нѐ контактираат со јавување во Контакт центарот 120 за приватни или пак на бројот 122, за деловни корисници, велат од Телеком.

Агенцијата за електронски комуникации и самите оператори неодамна апелираа  на потребата од рационалност во користењето на телекомуникациските услуги, откако поради мерките за ограничување на физичката комуникација изминатиот период голем дел од корисниците на интернет услугите се реализираат од дома, а со тоа се зголеми и побарувачка и искористеноста на интернет пристапот.

Операторите веќе информираа за значителен пораст во искористеноста на мрежните ресурси како во фиксната така и во мобилната електронска комуникациска мрежа. Поради тоа АЕК апелираше рационално да се користи интернетот со цел апликациите за работа и учење од дома како што се видео конференции, далечен пристап, виртуелни конекции за пристап до апликациите од работа и слично да може да имаат поголем дел од останатите интернет апликации во заедничкото користење на мрежните ресурси на операторите.

Како што укажа АЕК, користење на сетинзи што ја намалуваат потрошувачката на интернетот како што е гледање на аудиовизуелни содржини во стандардна резолуција (Standart Definition) наместо во висока резолуција (HD – High Definition) може за неколку пати да ја намалат искористеноста на мрежните ресурси од страна на ваквите апликации.

Според АЕК, операторите можат да блокираат, да ја намалат брзината на проток, да ја изменат, деградираат или дискриминираат некоја содржина, апликација или услуга во случаи заради заштита од оптоварување или преоптоварување на мрежната поврзаност или заради ублажување на последиците од оптоварувањето или преоптоварувањето на мрежната поврзаност. Таквите мерки за обликување на интернет сообраќајот треба да се исклучок и треба да се транспарентни, недискриминаторски и пропорционални со намерата заради која постојат, велат од АЕК.

Next Post

15: Нови 46 позитивни на Ковид-19, бројот се искачи на 663, УКИМ со поделени ставови за онлајн полагањето испити, идеи за домашни активности за деца, Brainster креативно се заблагодари на сите лекари

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk