ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Меџити: Се инвестира во проекти кои го претвораат Чаир во модел на развој, благосостојба и заедничко живеење

October 17, 2025 15:01
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Чаир е општина со најголема густина на население во Европа и не може да успее со сопствен буџет. Секако, треба поддршка од Град Скопје и од Владата. Од моментот кога дојдовме на власт почнавме нова ера на инвестиции. Градиме нови улици, современо осветлување, нови канализации и безбедни тротоари во секоја населба, од Сераво, Гази Баба, Топанско Поле и Дижонска до центарот на градот, рече на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на општина Чаир на коалицијата ВРЕДИ Изет Меџити.

Тој информира за обиколницата околу парк шумата Гази Баба, нова сообраќајница што ќе ги поврзе директно населбите на Гази Баба со другите делови на градот. Овој проект ќе ја намали оптовареноста на булеварот „Цветан Димов“, ќе го олесни сообраќајот за илјадници граѓани и ќе ја зголеми ефикасноста на градското движење.

– Ги прошируваме двете главни артерии на Чаир, булеварот „Цветан Димов“ и булеварот „Митхат Фрашери“. Проширувањето вклучува нови коловози, широки тротоари, модерно осветлување, велосипедски патеки и нов систем за канализација и водовод. Во рамките на овој развој, интервенции правиме и на локалните поврзувачки и секундарни улици во секоја населба, со цел комплетна реконструкција на секоја од нив. Во центарот на градот се реализира третата фаза на плоштадот „Скендербег“, кој ќе се претвори во симбол на модернизмот. Подземниот паркинг со 800 паркинг места веќе станува реалност. Овој проект ќе го реши проблемот со сообраќајот, ќе ги ослободи јавните простории и ќе го претвори плоштадот во место за средби, култура и градска живост, изјави Меџити.

Најави изградба на нови резиденцијални паркинзи во секоја зона на Чаир, за секое семејство да има сопствен простор и улиците да не бидат преоптоварени. Еден од главните проекти, како што рече, ќе биде поставување  лифтови во околу 80 постојни станбени згради за значително подобрување на квалитетот на животот на жителите. Соопшти дека мега паркот Чаир ќе биде најголемиот проект за зеленило и рекреација во историјата на општината. Ќе има водени површини, патеки за прошетка, спортски зони, детски катчиња и простории за концерти и настани. Паралелно со мега паркот, го реновираат и паркот на Чаир и инсталираат подземни контејнери во секоја населба.

– Градиме две нови современи училишта, „Митхат Фрашери“ и „Victory“, со лаборатории, библиотеки и современи простории за квалитетно образование. Општината целосно ќе ги покрие училишните униформи за сите ученици, без трошоци за семејствата и ќе обезбеди бесплатни дневни оброци за децата од семејства приматели на социјална грижа. Во секое училиште ќе изградиме нови спортски сали, како и Мултифункционалната сала „Чаир“, која ќе служи како центар за образовни, културни и младински активности. Градиме две нови градинки, „Снежана“ и „Росица“, кои ќе понудат грижа и
образование за децата. Ќе ја изградиме големата спортска сала „Чаир“ со капацитет за 3.000 гледачи, арена за национални и меѓународни натпревари, рече Меџити.

Потсети дека почнале изградба на модерни спортски базени и нови спортски сали во училишта и населби, за физичка активност во текот на целата година. – Ја реконструираме салата „Партизан“ и отвораме Младински центар „Чаирчанка“, простор за креативност, идеи и личен развој. Градиме ново училиште за деца со посебни потреби и Дневен центар „И ти си важен“, за нивната интеграција и грижа. Ќе адаптираме јавни простори со рампи, осветлување и универзална сигнализација така што секој граѓанин ќе се чувствува слободен и еднаков, најави Меџити.

За Универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“ рече дека е историска инвестиција од 40 милиони евра, која ќе го претвори Чаир во центар на високото образование во земјата. Овој кампус ќе вклучува модерни факултети, истражувачки лаборатории, иновациски центри и студентски резиденции.

– Во Чаршија продолжуваме со проекти за зачувување и промовирање на културата. Старaта Чаршија оживува со нов изглед. Реставрираме традиционални објекти, фасади и улиците со калдрма, со осветлување и современа подземна инфраструктура за водовод, канализација и управување со отпадот. Создадовме нов систем за чистење и 24‑часовна безбедност, додека секој јавен простор го уредуваме со архитектонско осветлување, клупи и автентичен декор. Ќе го создадеме институтот „Врата на Културата“ („Звуците на Чаршијата“), кој ќе ја постави Чаршијата на националната мапа на културата, туризмот и наследството. Ќе се реализира и проектот „Дигитална Чаршија“, со виртуелен музеј и мобилна апликација за промоција на занаетчиството и локалните бизниси. Ова е нашата визија за Чаршијата која ја спојува традицијата со технологијата, историјата со развојот, појасни Меџити.

Во програмата на Меџити е основање Центар за младинско претприемништво и иновации „HUB Чаир“ и Инкубатор за стартапи и Локален фонд на иновации, кои ќе обезбедат финансиска и професионална поддршка на младите и жените кои сакаат да почнат свои бизниси. Најави спроведување на Програмата за жени претприемачи и реконструкција на ТЦ „Мавровка“.  – Почитувани граѓани на Чаир, овие се дела кои се реализираат. Се инвестира во проекти кои го претвараат Чаир во модел на развој, благосостојба и заедничко живеење, порача Меџити.

Next Post

Павел Иванов: Да гласаме за луѓе кои знаат, сакаат и умеат да го вратат достоинството на Штип

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk