Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на границата помеѓу Авганистан и Таџикистан.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.