Непречено се одвива изборниот процес во општините Дебар и Центар Жупа, но вообичаено за утринските часови со слаба излезеност.
Според Рилинд Хаса, претседател на ОИК-Дебар до 9 часот правото на глас го искористиле 242 гласачи или еден отсто од вкупно запишаните 19.762 лица, во единствениот избрачки список. Споредено со минатите локални избори, во октомври 2021 година, излезеноста е помала за 0,75 отсто.
Претседателот на ОК-Центар Жупа, Неџип Илјаз, информраше дека до 9 часот гласале 106 граѓани или 1,4 отсто од вкупно запишаните 7.551 лица со право на глас. Излезноста е помала за 0,2 отсто.
Во двете општини на листите се по тројца кандидати за градоначалник и по пет советнички листи.
На определената оддалеченост пред избрачките места имаше присуство на полициски службенци.