За време на отворањето на музејот Лувр во Париз изутрината се случил грабеж, соопшти француската министерка за култура Рашида Дати на својот профил на мрежата Икс.
„Поради грабежот, донесена е одлука културната установа, музеј Лувр да се затвори за посетители од вонредни причини“, се вели во соопштението за медиумите објавено од музејот на таа социјална мрежа, пренесува дневниот весник „Фигаро“.
Француските медиуми известуваат дека тројца маскирани мажи упаднале во Лувр во моментот кога првите посетители почнале да влегуваат во музејот, по што веднаш била распоредена полицијата, а посетителите биле предупредени да не влегуваат во музејот.
Крадците користеле лифт за товар за да влезат во галеријата Аполо, на страната од музејот покрај реката Сена.
Во оваа украсена соба се чуваат остатоците од француската круна.
Се вели дека крадците носеле мали моторни пили.
Тие избегале со девет парчиња накит и избегале со моторен скутер. Вредноста на украдената стока се проценува.