ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почнува 16. ЕХО – Фестивал на планински филм

October 20, 2025 10:53
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска до  24 октомври во Кинотеката ќе се одржува 16. ЕХО – Фестивал на планински филм, кој вечер ќе биде отворен со полскиот филм „Последната експедиција“ (The Last Expedition) на режисерката Елиза Кубарска – инспиративна приказна за жени алпинисти кои тргнуваат по трагите на изгубените хероини од Хималаите.

Покрај проекцијата, обраќање ќе има и писателката Ана Камињска од Полска, која е автор на книгата „Ванда – приказна за силата на животот и на смртта, приказната на Ванда Руткевич” која ќе биде издадена од ЕХО во рамки на фестивалот.

На првата фестивалска вечер публиката ќе има можност да ги погледне и филмовите „Девојка качувач“ (The Girl Climber) и „After Antarctica“.

-Годинава, фестивалот ја става во центар поврзаноста меѓу човекот и природата, преку внимателно селектирана програма на документарни и авторски филмови од целиот свет. Посебен дел од програмата е посветен на еколошките филмови кои се селектирани целосно во соработка со Македонското еколошко друштво – МЕД кои ги истражуваат последиците од климатските промени и човековото влијание врз природата. Покрај филмската програма, ЕХО 2025 ќе понуди и предавања и презентации со врвни планинари, режисери и уметници од регионот и Европа. Посебно внимание предизвикува гостувањето на словенечките алпинистки и документаристки, кои ќе ја претстават својата визија за женската перспектива во алпинизмот и современото истражување. Тимот Словенки – Ања Петек, Патриција Вердев и Урша Кешар – ја претставуваат женската експедиција на Лалунг во Индија и се добитнички на „Златниот цепин“ (Piolet d’Or), највисокото светско признание во алпинизмот, што ја зацврстува темата за родова видливост и меѓународен успех, соопшти тимот на ЕХО фестивалот.

Публиката ќе има можност да присуствува и на македонски презентации – од искуства на локални планинари и документаристи, до разговори за еколошки иницијативи и развој на outdoor културата во земјава.

-Иако е тематски посветен на планината, ЕХО е урбан по концепт – сите проекции и придружни настани се одржуваат во Кинотеката на РСМ во две киносали. Главниот предизвик на фестивалот е да ја пренесе автентичната енергија и слобода на планината во срцето на градот – преку филмови, изложби, разговори и живи средби со луѓе кои ја живеат планината. Во текот на фестивалот ќе се одржат и детски работилници посветени на креативноста, природата и екологијата, со локација во Europe House Skopje, се наведува во соопштението за фестивалот на кој влезот за сите настани е бесплатен.

Фестивалот ЕХО е член на IAMF – International Alliance for Mountain Film, заедница што ги обединува најреномираните фестивали од овој жанр во светот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕХО – Фестивал на планински филм
Next Post
Временско ЕХО – 20 октомври

Временско ЕХО – 20 октомври

НАЈНОВО

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Фото: Илустрација. Генерирано со Grok

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, ВРЕДИ во девет, СДСМ во седум НАИ во шест, а ДПТ во една

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk