Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Принципот на злото лежи во силата на вољата, во неможноста да се дојде до совршен мир, во прометејската мегаломанија на една нација опиена од идеалот кој експлодира под притисокот на убедувањата и која поигрувајќи се со сомнението и со мрзливоста – поблагородни маани од сите нејзини доблести – тргнала по патот на исчезнувањето, на историјата, таа непристојна мешавина на баналност и апокалипса.
Али е мртов, за умирање нека се подготви Меџити!
И сите лидери кои мислат дека можат да се занимаваат со националните прашања на своите заедници во државата во која постои само едно вистинско национално прашање со кое се занимава тој што мисли дека е овластен да ги ликвидира сите кои мислат дека нивното национално прашање е нешто повеќе од канализациона цевка, паркови и зеленило, контејнери околу кои ќе се прават убави фарми за стаорци и места за вежбање на детските имунитети, тротоари со посебна лента за велосипедисти и тротинетчиња што јурат да убијат по некој пешак.
И грбни прскалки за гаснење на шумски пожари.
Ова е Македонија.
Не можеме ние да го решаваме албанското национално прашање.
Инаку, досега тие ќе беа во Европската унија.
Интеграцијата која одбива да даде гаранции дека нема да нѐ обезличи нас Македонците.
Имаме, значи, дијаметрално спротивни национални интереси – проблем што, според премиерот, ќе го решиме така што националниот интерес на Албанците ќе го сведеме на комунален.
Или на лидерски.
На лидер кој лидерот на Македонците политички ќе го ликвидира.
Дали е лидерот на Македонците нормален?
Не сум сигурен, но можам да кажам дека тоа прашање е пренагласено затоа што не постои ненормален лидер кој би водел вакви ненормални политики на штета на сопствениот народ.
Сакам да кажам дека нивото на ненормалните политики говорат дека тој е, сепак, нормален.
Тој е жртва на митоманското читање на историјата од која сака да направи политички концепт или е агент на старите бугарски интереси, што е, всушност, исто.
Српскиот свет е само тема за одвлекување на вниманието од главната моторика на настаните.
Државата во која Албанците како една третина од населението, се, или наскоро ќе бидат во Европската унија, плус една третина од Македонците кои се таму преку бугарското државјанство, со потврди дека се чувствуваат како Бугари, заедно со сета своја семејна лоза, не може да ја додржи малцинството или ситното, неуко, заведено, опијането, мнозинство кое го сочинуваат Македонци без опашки.
Како што голем број Македонци се во Европската унија преку Бугарија и тој број постојано се зголемува, меѓу другото, преку младите кои одат да учат во Софија затоа што патриотите им го ебаа македонското образование, така и Албанците ќе влезат во Европската унија преку членството на Албанија.
Тоа е процес на дезинтеграција на Македонија.
И ликвидација.
Мислам дека тоа е цел на атентаторот на лидерите на другите национални прашања, но и да не е така, тој исход ќе биде закономерен резултат на политичката, национална, културна и историска состојба и динамика.
Останува да се реши прашањето на мала група Македонци кои се една полудена, хистеризирана, фанатизирана и оглупавена маса, која не може да види и да сфати што се случува.
Во името на таа група, првиот човек на Нордот, на Денот на македонската борба против себе, ѝ ги испорача на Европската унија двата клучни услови кои Брисел треба да ги исполни (хахаха) ако сака да ја види Северна меѓу другите членки на Унијата:
Гаранции дека ова се последни барања од Бугарија и запишување на македонската „заедница“ во бугарскиот устав.
Тоа е како Мадуро да бара од Трамп да му ја предаде Флорида со Мар а Лаго како гаранција дека Америка нема да ја нападне Венецуела.
Завршувам со еден важен статус од пред два дена:
Најголемото ѓубре не е околу контејнерите, туку во историјата.
А историските стаорци, кои денеска се на власт во Македонија, се милион пати поопасни од канализациските глодавци.
Дали се разбираме, почитувани?!
Во однос на историското ѓубре, односно на големи пластови од историјата како ѓубре, ова што се излева околу контејнерите се цветни аранжмани на Саша Шекорања.
Исчистете го тоа историско срање, па јавете се да ја продолжиме терапијата.
Ви предлагам стриптиз околу шипката на животот, во кој постепено ќе се ослободувате од износените, изветвени, усмрдени и отровни алишта на лагите.
Во кои не можете повеќе да се перчите, а можете да умрете.
За вмро и револуционерната борба, да речеме.
За себе како продукт на некаква длабока и важна повест.
Мораме да си го растуриме тоа детство во кое живееме дури и остарени, во оваа претсмртно време.
И уште нешто, Мицко:
Кога одбиваш да прифатиш дека идеите можат да бидат заменети, почнува да тече крв.
Знаеш ли дека опсесијата на избавувањето го прави животот неподнослив.
Особено ако трагата по спасот е лажна.
Дека оттука резултира фанатизмот – главната маана која на човекот му го изострува вкусот за ефикасност, за пророштво, за терор и, внимавај сега, таа е лирската чума преку која ги заразуваш душите, ги потчинуваш, ги заробуваш или ги глорифицираш.
Шапкарев!
Јебо те Кузман!
Да резимираме: Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!





