Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз, синоќа загуби од Британецот Камерон Нори, рангиран на 31. место во светот, во второто коло од Мастерсот во Париз, со 6:4, 3:6 и 4:6.
Натпреварот траеше 2 часа и 25 минути. Алкараз сервираше осум аса, направи две двојни грешки и реализираше една од пет брејк топки. Нори сервираше три аса, направи една двојна грешка и реализираше две од седум брејк топки.
Во следното коло од турнирот во француската престолнина, Британецот ќе се соочи со победникот од натпреварот помеѓу Артур Риндеркнех (Франција) и Валентин Вашеро (Монако).
Мастерсот во Париз се игра за награден фонд од 6,1 милион евра.





