Франција синоќа ремизираше 2:2 со Германија во полуфиналето на Лигата на нации за жени во Кан.
Мелвин Малард го отвори резултатот во 3. минута. Германија израмни по девет минути. Клара Бил им донесе водство на гостите во 50.минута, Франција избегна пораз со голот на Клара Матео во 89.минута.
Германија го доби првиот натпревар со 1:0, пласирајќи се во финалето со вкупен резултат 3:2, каде што ќе се соочи со Шпанија.
Шпанките ја победија Шведска двапати – 4:0 дома и 1:0 на гости.
Германија и Шпанија ќе играат во финалето, додека Франција и Шведска ќе играат во натпреварот за третото место. Првите натпревари ќе се играат на 26 ноември, а реваншите на 2 декември.





