ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер

November 4, 2025 14:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Наследник на Изет Меџити, кој доби градоначалнички мандат на Општина Чаир, ќе биде Беким Сали, потврди денеска на прес-конференција портпаролот на ВРЕДИ Дритон Сулејмани.

-Ние веќе функционираме како ВРЕДИ и досегашните министри кои беа министри на ВРЕДИ а не на одделни политички партии, така и ќе продолжиме. Како што има најавено Меџити негов наследник на позицијата прв вицепремиер ќе биде Беким Сали, додека за министер за животна средина и просторно планирање ќе биде назначен друг и за тоа допрва ќе се одлучува. Се уште нема конкретно име, рече Сулејмани одговарајќи на новинарски прашања.

На прашањето што очекува да се случува со ДУИ по изборите, рече дека тие како партија се со став дека во ДУИ се потребни промени, но не очекуваат дека нешто драстично ќе се промени во таа партија.

-Очекувани се такви изјави по овој пораз што им го нанесоа граѓаните на последните локални избори. Ние уште одамна имаме дадено изјава дека во ДУИ се потребни промени дека оваа политичка гарнитура нема реална визија како да се напредува во оваа држава и цело време имаат деклартивно влијаеа на целата политичка сцена. Се надеваме дека сериозно ја сфатија пораката на граѓаните и оти ќе има реформи таму, но очекуваме дека тие реформи ќе бидат ќе траат малку подолго со оглед на тоа дека ги знаеме како досега настапувале на политичката сцена и не сме многу оптимиси дека реално ќе има некакви промени во нивниот политички табор, рече Сулејмани.

Тој претходно, сумирајќи ги резултатите за коалицијата на изборите, рече дека локалните избори ја запечатиле новата политичка реалност и оти коалицијата ВРЕДИизлегува од овој процес како втора политичка сила на државно ниво, со 10 освоени општини, и како апсолутен победник во албанскиот табор.

Сулејмани рече дека пораката на граѓаните е јасна и дека ерата на старите политики е завршена, граѓаните гласале за работа, за одговорност и за политика што дава резултати.

-Во Тетово победи интегритетот и визијата на Билал Касами, што го претвори градот во симбол на промени и одговорно управување. Во Боговиње, граѓаните му ја дадоа довербата на Фети Абази, архитектот кој со знаење и посветеност ќе ја ревитализира општината. Во Теарце, по 20 години непроменета власт, дојде долгоочекуваната промена и граѓаните му ја дадоа довербата на Даут Мемиши. Самиот овој факт е извонреден успех. Во Чаир на Изет Меџити, каде што ДУИ се обиде да ја претвори трката во „референдум за опстанок“, чаирчани јасно рекоа Не! Општината не е отскочна даска за спасување на никого. Додека во Сарај, Арачиново, Желино, Дебар, Струга и Долнени, граѓаните ја запечатија промената, правејќи го ВЛЕН силата што ги обединува општините под заедничка визија за развој и одговорност, истакна Сулејмани.

Според него, по „23 години доминација на политика која беше отсечена од граѓанинот, Албанците избраа нов модел, политика на одговорност“.

-ВЛЕН го чита овој резултат како почеток, почеток на нова етапа, каде што ќе се управува со европски стандарди и со целосно почитување на граѓанинот. Благодарност до сите граѓани кои учествуваа во овој демократски процес и до секој активист кој го бранеше гласот со достоинство. ВЛЕН ќе продолжи да биде гаранција за политичка стабилност и правично застапување на Албанците во институциите, рече Сулејмани на прес-конференција.

Tags: Беким СалиИзет Меџитипрв вицепремиер
Next Post
Скриншот

Гроси: МААЕ е постојан посредник помеѓу Русија и Украина за нуклеарните прашања

Shortcut

Најново

Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk