ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Случај „Онкологија 2“: Обвинителството тврди за финансиски малверзации и незаконско постапување со терапијата, за одбраната обвинителниот акт е нејасен и незаконит

November 6, 2025 15:37
in ДЕНЕС, ПРАВДА
онкологија
Share on FacebookShare on Twitter

Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска тврди дека сведочењата за случајот „Онкологија 2“ потврдуваат финансиски малверзации и незаконско постапување со терапијата на Клиниката, која, наместо во аптека, завршувала кај директорот и се давала по личен избор. Додека, адвокатот Боби Спирковски, бранител на обвинетиот Никола Васев, го нарече обвинителниот акт „нејасен, незаконит и непрофесионален“, предупредувајќи дека со вакви постапки се кршат уставни права и се создава неефикасен судски процес.

По завршувањето на денешното судење за предметот на кое денеска сведочеа тројца сведоци на предлог на Обвинителството, јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска изјави дека исказите на сведоците потврдуваат финансиски малверзации и незаконско постапување со терапијата на клиниката.

-Терапијата која не смеела да биде кај директорот, тој најнормално ја вадел од канцеларија и ја давал на пациенти по сопствен избор. Таа терапија мора да биде во клиничка аптека. Сведоците потврдија дека имало вишок терапија раздолжувана на име на пациенти, што логично води до заклучок дека завршувала кај обвинетиот Васев, нагласи Гоговска.

Адвокатот Боби Спирковски, бранител на обвинетиот Никола Васев, го критикуваше обвинителниот акт, нарекувајќи го „непрецизен, нејасен и незаконит“.

-Денеска видовте што значи лош обвинителен акт – се предлагаат докази кои немаат врска со обвинението. Со ова се кршат уставни права на обвинетите, вклучително и правото на брза и ефикасна постапка, како што предвидува член 6 од Европската конвенција, изјави Спирковски, додавајќи дека актите на ЈО се „непрофесионално и нестручно направени“ и требало да бидат повлечени.

На денешното рочиште беа сослушани тројца сведоци: онкологот Ненад Митревски, членката на Управниот одбор Биљана Гроздановска и Гоце Кузев, син на пациент лекуван на Клиниката. Митревски сведочеше за препишани дози на лекот бевацизумаб, нагласувајќи дека документ со доза од 1600 мг е превисок за конкретната индикација и дека тој не ја препишал. Гроздановска зборуваше за начинот на носење одлуки во Управниот одбор, истакнувајќи дека набавките барале согласност од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување. Додека, сведокот Кузев изјави дека терапијата за неговиот татко често доцнела и дека по интервенции кај тогашниот директор била обезбедувана од неговата канцеларија.

Обвинението против Васев и Нухи се однесува на злоупотреби, измама и проневера од 2018 до 2022 година, со штета од околу 36 милиони евра преку незаконски набавки и присвојување терапија. Обвинетите негираат вина, а одбраната тврди дека обвинението е неосновано и политички мотивирано.

Покрај ова, против Васев и уште двајца лекари онколози се води уште еден случај – Онкологија 1 за несовесно лекување пациенти.

Tags: онкологија
Next Post
Фото МИА и НУ Музеј

НУ Музеј Куманово со две награди за два филма на „Камера 300“ во Битола

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk