Во емисијата „Во Центар“ на Васко Ефтов, под наслов „Кои лоби групи сакаат да го сменат Венко Филипче“. Фрчкоски го спомна Пендаровски и рече:
„Ме чуди тоа што мешетари Стево Пендаровски. Нема потреба од тоа. А мешетари без везе“, рече Фрчкоски.
Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во објава на Фејсбук вели дека изјавата на Фрчкоски е целосно одлепена од реалноста и фактите и дека никогаш не мешетарел
„Во врска со изјавата на Љубомир Фрчковски дадена во емисијата “Во Центар” во која во негативен контекст го споменува моето име, сакам да го дадам следново појаснување:
Изјавата е проблематична минимум на две нивоа: македонската јавност добро знае дека во моето 30-годишно бавење со јавните работи никогаш не сум “мешетарел” како многу други во чии кариери нема ништо друго освен задкулисни маневри и кафеанско озборување.
Меѓутоа, многу поголем проблем е што изјавата е целосно одлепена од реалноста и фактите, што, за жал, се случува кај некои луѓе поради “квалитетот” на изворите со кои се дружат“, објави Пендаровски.





